21.9 C
Ohrid
вторник, август 26, 2025
ПочетнаМакедонијаКривична пријава против градоначалникот на Делчево-: Во 2018 вработил службеник кој бил...

Кривична пријава против градоначалникот на Делчево-: Во 2018 вработил службеник кој бил за пензија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кривична пријава против градоначалникот на Делчево за злоупотреба на службена положба и овластување

<

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево, кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост, што претставува основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување согласно член 98 став 1 алинеа 3, а во врска со член 98 став 5 алинеја 9 и 10 од Законот за административни службеници.

Со незаконското вработување пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

38-ми Охридски пливачки маратон: 17 пливачи од 7 држави ќе се борат за трофејот во водите на езерото

Седумнаесет пливачи и пливачки од седум држави ќе земат учество на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи на 30 август...

Македонска гордост: Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев успеа да го оствари еден од најголемите предизвици во светското маратонско пливање – го преплива каналот Ла Манш. Поп Ацев...

Кичево во шок: Пешак загина откако беше удрен од млад возач кој не застанал да помогне

На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево. Имено, околу 06:.55 часот на...

Албанија чекори кон Европа – рушење на дивоградбите и нов почеток за градовите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, објави ново видео во кое се гледа уривање на дивоградби во Драч, како дел од неговата нова кампања „Урбана...