18 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeЗабаваПогледнете како изгледа Bentley Continental GT на „гасеници“

Погледнете како изгледа Bentley Continental GT на „гасеници“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

рупа креативни и иновативни Руси се впуштија во неверојатен проект во чии рамки решија Bentley Continental GT да го приспособат да се движи со тенковски „гасеници“.

<

Иако проектот на изглед и од прва делува и изгледа бизарно, на овие Руси треба да им се честита бидејќи нивната креација навистина целосно функционира.

Возилото кое го добија со оваа комбинација го нарекоа Ultratank и тоа е совршено име за овој луксузен хибрид за кој нема пречки при движењето, а притоа дава и одличен звук.

Проектот уште не е целосно завршен, бидејќи има одредени проблеми, а најголем од нив е отпаѓањето на гасеницата при нагло вртење. Во тој случај следи тежок процес на враќање на гасеницата, па овој проблем бара соодветно и функционално решение.

Исто така, потребно е дополнително да се поработи на погонот, бидејќи Русите сакаат нивниот „Ултратенк“ да достигнува брзина од 100 км/час. Моментално може да забрза до 50 км/час, па пред нив е, исто така, голем предизвик и во овој поглед.

Останатите недостатоци се помали – уште нема врати и има помали проблеми со кочниците. Еве како изгледа во акција оваа невообичаена хибридна машина.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...