14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридОчигледно не се разбрале добро: Унеско бара да се урнат дивоградбите власта...

Очигледно не се разбрале добро: Унеско бара да се урнат дивоградбите власта почна да ги корне палмите..

Денеска охридските комуналци ќе почнат со корнење на палмите што успеаа да преживеат во изминативе три години. Во Охрид останати се стотина палмим, од кои најголем дел се на самиот езерски брег. Досега околу 150 се исушија или измрзнаа.

„Ние постапуваме според препораките на УНЕСКО за остранување на неавтохтоните палми. Останаа од 80 до 100 палми. Ангажиравме доволен број работници и механизација. Сметаме дека за корнење на сите палми ќе ни требаат три дена”, ни изјави директорот на „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски.

Во Охрид, најмногу на езерскиот брег  во 2016 беа засадени околу 250 палми. Еколозите, а и најголемиот дел од јавност беа против овој потег на тогашната централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради недоволниот напредок до решавањето на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опасност, УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави Природното и културното наследство на Охридскиот Регион на Листата на загрозено светско наследство. Извештајот треба да биде разгледан на конференцијата на Комитетот за светско наследство во Баку од 30 јуни до 10 јули.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...