Ибрахим Лијанов, шестгодишно момче од Русија, успеал да направи 4.445 склека за два часа и на тој начин освоил стан за себе и за своето семејство.
Момчето се запишало и во руската Книга на рекорди.
Снимката поставена на социјалните мрежи го покажува малиот Ибрахим како во рускиот град Нов Редант го приведува при крај исцрпувачкито двочасовен предизвик, во текот на кој успеал да направи 4.445 склека.
Момчето го добило прекарот „Чеченскиот Шварценегер“, а новиот дом го добил од локалниот спортски клуб во кој Ибрахим секојдневно тренира со својот татко.
Лани петгодишниот Раким Курајев освои нов „мерцедес“, бидејќи, исто така, без пауза, успеал да направи 4.105 склека.