15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаОнлајн петиција за поддршка за просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски

Онлајн петиција за поддршка за просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски

spot_img

Над 2.000 потписи за два дена се собраа на онлајн петицијата за поддршка за просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, која јавно обзнани дека јавни функционери незаконски стекнувале факултетски звања на Државниот универзитет во Тетово, меѓу кои и актуелниот министер за образование Арбер Адеми. „Кажете еднаш засекогаш НЕ! за криминалот во Македонија“, стои во отворената петиција.

<

 

исциплинската комисија при Државниот просветен инспекторат во петокот утврди дека има основи дисциплински да се казни инспекторот Илиевски и кратко соопшти дека утврдиле прекршок, но не сакаа да откријат повеќе детали за причините за оваа одлука, додавајќи дека постапувале според Законот за административни службеници.

Инспекторот Илиевски изјави дека очекува директорот да му даде отказ на шест месеци пред пензија, најавувајќи дека целиот случај ќе продолжи да го води низ судска постапка.Тој се сомнева дека целиот процес против него се води поради тоа што зборувал за медиумите, имал средби со амбасадори и се обратил до другите институции да ги истражуваат незаконитостите за кои алармирал.

Илиевски изминатиот период со доставување документи и отворени писма во медиумите, откри дека при инспекциите биле утврдени незаконските унапредувања на јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово. Покрај министерот за образование Арбер Адеми, тој ги споменува и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...