17.1 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридДиректорката на ЈП „Билјанини извори“ вршела притисоци врз вработените да излезат на...

Директорката на ЈП „Билјанини извори“ вршела притисоци врз вработените да излезат на гласање за изборите а сега ги брка од работа

Дали СДСМ ги добила вонредните локални избори во Охрид преку протисоци и закани врз вработените во охридските јавни претпријатија?

До редакцијата на ОХРИД 24 пристигнаа принт скринови од разговор на сега веќе поранешен работник од јавното претпријатие „Билјанини извори“ Охрид, со директорката на претпријатието, Гордана Јованоска.

Од разговорите се гледа дека директорката на работникот му прави притисок неговата жена да излезе на гласање, бидејќи како што вели директорката секој глас е битен.

Според нашите информации човекот кој разговара со директорката е избркан од јавното претпријатие токму поради тоа што неговата жена не гласала за време на локалните избори во Охрид.

Се поставува прашањето дали освен на овој работник се праќани пораки и вршени притисоци и на вработени во останатите јавни претпријатија во Охрид за време на претседателските и предвремените локални избори?

Медиумите и опозицијата уште тогаш посочуваа дека врз вработените во охридските јавни претпријатија се вршат притисоци за да излезат на гласање и да го дадат својот глас за кандидатите на владеачката гарнитура.

Останува на надлежните органи да ги испитаат овие наводи и да постапат согласно законот.

ОХРИД 24

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Болницата плодност се збогува со своите колеги

Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог,...

Пецаков: Од народ за народ, 80.000 денари од хуманитарниот турнир ќе бидат префрлени на сметката на нашата нашата сограѓанка Бојана Бонеска, на која за...

Од народот за народот таму каде што е најпотребно. СРЦ „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми...

Таравари: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство

Укинувањето на економските директори во здравството прави заштеди во секторот, а за прв пат по 15 години имаше и проширување на позитивната листа. Ова...

Над 10 илјади евра годишно ја чини државата еден затвореник

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вели дека еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над...