21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаЗдравје и убавинаРеволуционерно достигнување на швајцарските научници: Клетките на агресивен рак на дојка ги...

Револуционерно достигнување на швајцарските научници: Клетките на агресивен рак на дојка ги претвориле во сало

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Експерти од Универзитетот во Базел успеале да ги натераат клетките на рак на дојка да се претворат во сало и со тоа да станат сосема безопасни.

<

За да постигне нешто такво, научниот тим го следел чудниот пат на метастазирањето на клетките на ракот. Нивниот успех е само прв чекор, но напредокот многу ветува.

Кога ќе го исечете прстот или кога фетусот ќе почне да формира органи, клетките на епителите почнуваат да се менуваат во еден вид на матични клетки по име мезенхимски матични клетки, кои потоа повторно се претвораат и го формираат тоа ткиво кое му е потребно на организмот.

Овој процес е познат како епително-мезенхимска транзиција (EMT), а веќе некое време е познато дека клетките на рак со овој или со спротивниот процес, мезенхимска-епителна транзиција (МЕТ), може да се шират низ телото и да метастазираат.

Поради тоа научниците во глувците ставиле агресивен облик на човечки рак на дојка, за потоа глувците да ги тестираат со два лека – “росиглитазон” и “траметиниб”. Благодарение на лековите, клетките на рак, наместо да се прошират во текот на процесот на метастазирање, се претвориле во масни клетки, преку процес кој се нарекува адипогенеза.

“Резултатите покажуваат дека терапијата предизвикала адипогенеза во клетките на ракот”, се наведува во истражувањето.

“Малигните клетки, кои минале низ ЕМТ процес, сосема престанаа да се шират. Тоа што го видовме во долгорочните експерименти е дека не постои повратен процес по кој клетките на рак се претвораат во масни клетки”, истакнал биохемичарот од Универзитетот во Базел, Герхард Кристофори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...