4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаШуто Оризари доби нова енергетски ефикасна градинка во која ќе бидат згрижени...

Шуто Оризари доби нова енергетски ефикасна градинка во која ќе бидат згрижени околу 200 деца.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шуто Оризари доби нова енергетски ефикасна градинка во која ќе бидат згрижени околу 200 деца. Градинката е изградена на местото каде пред четири години изгоре поранешната градинка.

<

Изградбата траеше две ипол години, а финансиски беше помогната од Министерството за труд и социјална политика и Кралството Норвешка, со поддршка од УНДП.

Градинката, која е во фаза на официјално отпочнување со работа, денеска ја посетија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, првиот секретар на Норвешката амбасада во Белград, Геир Хакон Јохансен и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакијан.

– Очекувам оваа градинка да продолжи да функционира со истиот квалитет и и да инвестира во децата. Како Министерство интензивно градиме инфраструктура која треба да создаде капацитет за сместување на што повеќе деца од предучилишна возраст, изјави Царовска по посетата на градинката.

Нагласи дека како Влада внимаваат на рамномерниот регионален развој и поеднакво вложуваат и во градските и во руралните средини.

– За првпат оваа Влада објави мапа на опфат на деца од предучилишно образование која е јавно достапна на нашата веб страница. На мапата е јасно видливо дека во западниот дел од државата има помалку инфраструктура за предучилишно образпвание. Тоа укажува дека претходната влада воопшто не вложувала во развој на предучилишното образование таму. Но, треба да кажеме дека и во Врапчиште, и во Тетото, и во Теарце се подготвени проекти кои се финализираат и треба да се почне да со градба. Сигурна сум дека ќе успееме да го изедначиме пристапот на сите деца во државата до предучилишно образование, рече Царовска.

Според постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакијан, Северна Македонија е една од државите во Западен Балкан која води грижа за ромското население.

– Ја поздравуваме одлуката на Владата да обезбеди средина во која сите подеднакво ќе ги уживаат правата, рече Сахакијан.

Покрај занимални и кујна, дворот на градинката е опремен со реквизити наменети за најмалите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...