16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонија18- годишниот Бојан Димитриевски ве моли за помош: Моите соништа застанаа тука

18- годишниот Бојан Димитриевски ве моли за помош: Моите соништа застанаа тука

spot_imgspot_img

Осумнаесетгодишниот Бојан Димитриевски веќе една година е целосно неподвижен по сообраќајната несреќа која му го промени животот.

Овој млад човек упати апел до сите кои можат да му помогнат повторно да застане на нозе.

Јас Бојан Димитриевски на 23.08.2018 год.на 17 годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа не по моја вина се здобив со тешка повреда на рбетниот мозок (QUADRIPLEGIA- одземеност на раце и нозе) при што останав целосно неподвижен. Oд тој миг ми се смени животот, моите соништа застанаа тука. По долготрајни терапии и вежби низ центрите во Македонија и Србија имав многу мал незначителен напредок. Затоа по консултации со лекари од клиниката ,,Neurovita” во Москва- Русија ни дадоа надеж дека со лекување со матични клетки може повторно да застанам на моите нозе. За таа цел потребно е да ми направат 10 третмани. Моето лекување ќе опфати повеќе кратно одење за Москва-Русија.За ова ќе имам потреба од придружба со моите родители, бидејќи сам не можам. Првото одење ќе чини 28.000 евра истото ќе се состои од комплетен преглед и започнување со третман со матични клетки. Интензитетот на одењето во Москва-Русија ќе зависи од резултатите кои што ќе ги покажам.
Моето семејство не е во можност да ги подмири трошоците за моето лекување.
Барам помош од СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ.

Ви благодарам од срце.

Со почит Бојан Димитриевски.

*Броеви за донации:
Телеком: 070 143-414
Вип(A1): 143 550

Трансакциска сметка: 200003373418462

За донации од странство :
SWIFT: STOBMK 2X
EUR: MK07200003376775050
USD: MK07200003376787660
CHF: MK07200003376781355

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...