13.9 C
Ohrid
недела, мај 11, 2025
ПочетнаМакедонијаИзложбата „100 години Требеништa“ ќе трае до крајот на месецов

Изложбата „100 години Требеништa“ ќе трае до крајот на месецов

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Уште 20-ина дена јавноста има можност во Археолошкиот музеј во Скопје да ја види ексклузивната меѓународна изложба „100 години Требениште“ која претставува околу 400 вредни артефакти откриени во некрополата Требениште кај Охрид, меѓу кои е и златната маска прикажана на 500-денарките.

<

Од нејзиното откривање во 1932, оваа маска првпат ја напушти матичната поставка во Народниот музеј во Белград за да гостува во Археолошкиот музеј по повод едновековниот јубилеј од откривањето на некрополата Требениште во 1918 година. Од Археолошкиот музеј за МИА велат дека од средината на март, кога беше отворена, изложбата досега ја виделе речиси 10 илјади посетители.

Изложбата „100 години Требениште“ беше долго подготвувана и организирана во соработка со Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и Музеј во Софија, каде што ќе гостува во наредните две години како заеднички проект на три држави.  Интерес има и во Париз, Берлин, Загреб и Виена, како и во други градови за кои Археолошки дополнително ќе информира по затворањето на изложбата на 31 август.

Посетителите најмногу ги привлекле и се интересирале токму за четирите златни маски т.е. одразите на ликови од непознати владетели втиснати во златна фолија. Се работи за великодостојници кои во 6 и 5 век п.н.е., во т.н. архајски период, го населувале северниот брег на Охридското Езеро. Но, исто така, посетителите се восхитени и од изложениот накит од злато, сребро и килибар, ексклузивните садови изработени од сребро и стакло, керамика итн.

Сето тоа било скриено повеќе од две и пол илјади години под слоеви земја во гробницата во Требениште до случајното откривање на 20 мај 1918 година кога бугарски војници го поправале патот меѓу Охрид и Кичево, веројатно за воени потреби. Во градежните зафати тие користеле камења од околните ниви.

Златната маска претставена на нашата банкнота од 500 денари е откриена во 1932 година при втората кампања на истражувањата на требенишката некропола од српски археолози. Таа е најдена во гроб на женски покојник и засега е единствената златна маска откриена на овој локалитет која ѝ припаѓа на благородничка, за разлика од останатите три златни посмртни маски кои им припаѓаат на требенишките владетели.

Оваа и уште една златна маска од четирите претставени на изложбата се чуваат во Народниот музеј во Белград, а другите две златни маски денес се дел од збирката на Националниот археолошки институт и Музеј во Софија. Сите четири маски потекнуваат од 6-тиот и почетокот на 5 век п.н.е.

До крајот на август изложбата  е отворена за посетители од вторник до недела од 10 до 18 часот. Влезот е 200 денари.

Гостувачката изложба од Казахстан, пак, која го прикажува Златниот човек – најпознатиот артефакт на таа азиска земја, во Археолошкиот музеј може да се види до недела, 11 август. Влезот за оваа изложба е бесплатен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Турски државјанин со капак од шахта се обидел да убие сограѓанин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство...

Убиство во Србјани кичевско: Со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката се е во нконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“. Околу...

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за...

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда. 21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда. Ова...