6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаТатко во вистинска смисла на зборот: Градоначалникот Митко Јанчев го зеде под...

Татко во вистинска смисла на зборот: Градоначалникот Митко Јанчев го зеде под закрила девојчето кое остана без родители

spot_img

Општина Кавадарци вчера уште еднаш ја покажа својата хуманост и грижа за своите сограѓани со кои судбината си поиграла и докажа дека хуманоста и солидарноста се најсветлите точки кои треба да бидат водилки по патот на целото општество. Станува збор за случајот со 17 – годишната Марија Трајкова од Глишиќ, чиј безгрижен живот се променил во рок од неколку месеци- пишува Фокус.

Таа за краток период ги изгубила своите мајка и татко, останала со наследени долгови на име кредит од родителите, и тоа во период кога се подготвувала за новото поглавје во животот, да замине во Скопје и да ги започне студиите по медицина, на кои долго време им се радувала и ги исчекувала. Девојчето, кое е солиден ученик, од страна на Локалната самоуправа и Советот на Општина Кавадарци доби вредносен ваучер во износ од 247.808 денари, средства со кои ќе се подмират наследените обврски, со цел таа да може безгрижно да го продолжи своето образование на Медицинскиот факултет во Скопје.

Но, освен што градот решил да ги подмири долговите, таа ќе добие и стипендија. Се работи за сума од 2.000 евра годишно, која ќе ја добива во рок четири или пет години, во зависност од тоа колку ќе трае нејзиното школување. Стипендијата на Марија ќе и ја додели градоначалникот Митко Јанчев на 19-ти декември, во време кога се доделуваат и останатите стипендии, а доаѓа од фондацијата ,,Никола Јанчев”, која градоначалникот ја формираше во чест на неговиот татко, а со цел помагање и давање на поддршка на луѓе на Општина Кавадарци, на кои им е неопходна помош.

-Нашиот град нема да ја остави младата Марија среде пат! Таа е солиден ученик, девојка пред која е иднината, а во исто време и нашата иднина е во рацете на младите амбициозни луѓе како нејзе. За тоа што и се случи на Марија, за начинот на кој животот си поигра со оваа девојче, тешко е да се зборува. Ги изгуби родителите ненадејно, за кратко време, и тоа во период кога се наоѓа пред животна раскрсница, кога треба да одлучи што понатаму во животот. Како вреден ученик, и покрај се што и се случи, таа избра храбро да оди напред, да се запише на студии по медицина, а ние имаме одговорност како заедница да и помогнеме. Затоа, покрај тоа што општината ги подмири наследените долгови, фондацијата ,,Никола Јанчев”, реши да ја стипендира во иднина со по 2.000 евра годишно, додека таа студира. Јас знам дека Марија нема да не разочара. Таа е свесна и зрела девојка, која со крената глава ќе продолжи напред и еден ден нашиот град ќе се гордее со неа. Самата ни вети дека тоа ќе го постигне со труд и учење и ние веруваме во неа – вели за „Фокус“ градоначалникот Јанчев.

Марија останала првин без својата мајка, и тоа во време додека била на екскурзија со своите соученици. Таа починала ненадејно од инфаркт. Но, несреќата во нејзиното семејство повторно затропала на вратата само по неколку месеци. Во времето кога се подготвувала за матура, и нејзиниот татко починал, исто така од инфаркт. Девојката била сама, немала ниту сестра, ниту брат. Токму поради тоа, општината без двоумење решила да и помогне.

1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...