17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЕзерото во 2018 им ги урна дивоизградените платформи па бараа оштета, а...

Езерото во 2018 им ги урна дивоизградените платформи па бараа оштета, а денес сопствениците ги уриваат сами.

Март 2018 утрото Охрид се разбуди без дивоградби и узурпирани државни површини од земјата и езерските води, бидејќи по невремето природата не остави ништо на узурпираниот простор.

Немаше ни платформи, ни бетонски тераси кои ги прекриле некогашните плажи. Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час, предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид. За справување со последиците, заседаваше Кризниот штаб на општина Охрид, на кој беа договорени конкретните активности на надлежните служби и нивна координација.

Но вечно незадоволните угостители од Охрид побараа градот да им исплати штета за урнатите објекти дивоградби ( платформи и бетоски тераси на узурпирани плажи ) и нивното барање стигна пред советниците во Советот на општина Охрид кои тој 30 октомври 2018 го испишаа веројатно најцрниот ден во историјата на охридската локална политика и јавно пред камери, советниците на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ гласаа против предлогот да се дадат пари за лекување на болно девојче, и гласаа ЗА елаборатите со кои требаше да се исплати штета за дивоградби урнати во невреме.

А денес  се случува сосема спротивното. Во официјалното соопштение на Општината стои дека „Момир“ „Ликвид“ и Аквариус сами се понудиле да ги рушат платформите, додека истовремено од општината ќе бидат вршени контроли за тоа дали навистина ќе бидат урнати.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...

Жена од Скопско тешко повредена: Ја прегазил трактор

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино,...

Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека...

Излезеноста е над 40%, Македонија постигна цензус!

Државната Изборна комисија излезе со најновите информации за излезноста на двојните избори до 17 часот. За претседателските избори излезноста е 42.32%, додека за парламентарните 46,93%. Вкупно...