16.9 C
Ohrid
сабота, август 30, 2025
ПочетнаСветСтапил во брак со 81-годишна баба за да не оди во војска.

Стапил во брак со 81-годишна баба за да не оди во војска.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Млад маж од Украина успеа да избегне служење на воен рок, останувајќи две години во брак со жена која е 57 години постара од него. И покрај бројните критики, законот е на неговата страна.

<

Кон крајот на 2017 година, Александар Кондратјук добил повик за служење на едногодишен воен рок. Сите воено способни Украинци на возраст помеѓу 18 и 26 години мораат да поминат воена служба, а исклучок од тоа правило настанува само доколку се одговорни за жена со инвадилитет. Александар некако успеал да ја увери 81-годишната баба да се омажи за него.

За две години, тој ќе стане стар за служење на воен рок и тогаш веројатно ќе се разведе од својата сопруга, пишуваат украинските медиуми.

Бизарниот случај почна да ги полни насловните страници во медиумите на почетокот на минатата година, кога воениот аташе поднесе пријава до обвинителството со надеж дека ќе успее да го поништи бракот.

Од војската беа уверени дека Александар ги лажирал документите за да го избегне служењето на воениот рок, но истрагата покажа дека парот легално се венчал. Откако стигна потврдата дека бракот е законски, војската се откажа. Сепак, украинскиот печат повторно ја оживеа приказната прашувајќи ги претставниците на војската што планираат да преземат во врска со овој случај.

Кондратјук негира дека со жената се оженил за да ја избегне војската и тврди дека има чувства за неа. Неговата сопруга пред новинарите изјави дека Александар е добар сопруг и се грижи за неа.

Соседите на жената, од друга страна, пред медиумите рекоа дека нивниот брак е измама.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Невреме и силни бранови го прекинаа 38. Охридски пливачки маратон

Поради лошите временски услови проследени со силен ветар и бранови во 14 часот и 30 минути прекинт е 38. Охридски пливачки маратон. Трката, според судијата...

Ненадејно почина екс директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски

Ненадејно почина д-р Виктор Исјановски, македонски психијатар и екс директор на Здравствен дом Скопје во периодот од 2021 до 2024 година. Исјановски е роден е...

Откриен Христијански крст стар 1.400 години во Абу Даби

Откриен Христијански крст стар 1.400 години во Абу Даби. Археолозите во Абу Даби пронајдоа редок Христијански крст, стар повеќе од 1.400 години, за време на...

Трамп укинува 3,3 милиони евра помош за ЛГБТ заедницата на Балканот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да откаже речиси 4,3 милијарди евра средства за странска помош и мировни мисии одобрени од Конгресот на САД,...