13.9 C
Ohrid
среда, март 12, 2025
ПочетнаСветДемонстрантите во Атина до Помпео: Оди си дома!

Демонстрантите во Атина до Помпео: Оди си дома!

spot_img

Додека илјадници антиамерикански демонстранти во Атина протестираа против неговата посета, американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска зборуваше за важноста на потпишувањето на договорот за одбрана меѓу двете земји и како Грција може да биде „столб на стабилноста за регионот“.

<

Илјадници демонстранти извикуваа: „Помпео оди си дома!“ пред грчкиот парламент, додека центарот на градот Атина беше затворен за сообраќај, со силно полициско присуство.

„Грција може да игра важна стратешка улога во регионот и може да биде столб на стабилноста“, рече Помпео, кој се состана со премиерот Киријакос Мицотакис.

Грчкиот премиер зборуваше за напнатата ситуација во источниот Медитеран, каде Кипар, островска членка на ЕУ, ја обвинува Турција за спроведување нелегални операции за дупчење во морето во потрага по природен гас.

„Кипар повика на примена на меѓународното право и јас го поздравувам позитивниот придонес на Соединетите Американски Држави во создавање на попродуктивна клима во регионот“, рече Мицотакис.

Европската унија во неколку наврати го осудуваше илегалното бушење од страна на Турција кај Кипар, а Анкара оваа недела испрати брод „Јавуз“ во ексклузивната поморска економска зона на Кипар, каде оперативни дозволи за работа имаат францускиот и италијанскиот енергетски гигант „Тотал“ и „Ени“.

Посетата на Грција е последна од турнејата на Помпео. Тој претходно ги посети Италија, Црна Гора и Северна Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Црна Гора отпаѓа: Европскиот Парламент ќе отвори канцеларија во Албанија

Eвропскиот Парламент(ЕП) отвора канцеларија за Западен Балкан во Албанија. Тоа го потврди и албанскиот премиер Еди Рама и најави голем самит на НАТО на...

Градоначалникот Пецаков: Голема е честа и гордоста што како градоначалник на Охрид имав можност да бидам дел од свечениот настан со кој се одбележаа...

Голема е честа и гордоста што како градоначалник на Охрид имав можност да бидам дел од свечениот настан со кој се одбележаа осум децении...

Лекар од штипската болница нападнал хирург додека извршувал операција, при што сакал да го земе и апаратот за анестезија.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен...

Пратеничката Салиу: Законот за бранители нема да помине без вклучување на припадниците на УЧК

Пратеничката од коалицијата ВЛЕН, Имерлије Салиу, која одби да претседава со Комисијата за социјална политика, преку статус на Фејсбук јасно го кажа ставот на...