8.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаЗабаваСара Џесика Паркер -Го пофали Медена Земја и Македонија па ја вовлекоја...

Сара Џесика Паркер -Го пофали Медена Земја и Македонија па ја вовлекоја во кавги за името

spot_img

Холивудската актерка Сара Џесика Паркер го изрази своето воодушевување од македонскиот документарен филм “Медена земја”. Паркер на својот Инстаграм профил објави фотографија од филмот под која напиша дека со причина овој филм ги освојува сите награди и признанија.

<

”Медена земја” е неверојатна, визуелено зачудувачка, интимна но сепак епска приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!”, напишала Паркер на Инстаграм и додала:

“Честитки за авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодарам што нѝ дозволивте да патуваме со вас во малото место во Република Македонија. Вас двајца јас ќе ве следам секаде”.

Но, токму нејзината објава односно делот каде што таа нагласува дека филмот доаѓа од Република Македонија, поттикна лавина од коментари дека земјата повеќе не се вика така и дека сега името ѝ е Република Северна Македонија. Актерката подоцна го поправила името, за на крај да избрише било какво име на држава од објавата и да ја исклучи опцијата за коментари.

“Оваа објава е едитирана од мене. Имаше многу коментари поврзани со истата. Поконкретно, со мојот избор на име на државата што го добив од бројните интервјуа со екипата и освртите за филмот што ги пронајдов откако го погледнав. Мојата цел беше да му се обратам на поширокиот аудиториум и да му ја претставам оваа приказна. Не заземам никаква политичка страна бидејќи не се чувствувам доволно информирана на темата. Ви ветувам дека ќе истражам повеќе за ова. Во замена, се надевам дека сите ќе се потрудат да бидат публика на “Медена земја”.

Поголем дел од коментарите беа со објаснување дека земјата го сменила името во Северна Македонија и дека по распаѓањето на Југославија во 1991 година, договорот од Преспа е конечен договор за името меѓу Грција и Северна Македонија, под покровителство на Обединетите нации.

Актерката им одговорила дека ѝ е многу жал и дека по грешка напишала Република Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него,...