17.9 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаМакедонијаДа не беше трагично ќе беше смешно: 20 начини како да преживееш...

Да не беше трагично ќе беше смешно: 20 начини како да преживееш во македонска болница !!!!

20 начини како да преживееш во македонска болница !!!!
.
.
.
1. Не оди во македонска болница.
2. Ако веќе мораш да одиш биди доктор или директор на болницата.
3. Ако не си ни доктор ни директор на Јавната здравствена установа, а лековите на руските научници и Баба Рада не помагаат пробај со молитви.
4. Ако ништо од горенаведеното не помага земи кредит или пари од лихвар за да те третираат подобро.
5. Биди спремен да се вклучиш во тепачка.
6. Одбивај се што ти нудат додека не пробаат тие први.
7. Носи си постелнина, лекови, инфузија.
8. Викни брза помош. Сега. Ќе дојдат точно кога ќе ти притребаат за 30-тина години
9. Купи си греалица. На многу места нема затоплување. Купи си и агрегатор за струја. Затоа што иако нема затоплување не оставаат вклучување на грејни тела.
10. Биди оптимист, но имај тестамент. Распредели ги долговите на сите поденакво.
11. Купи апарат за алко тест и пред да им дозволиш да ти направат што било тестирај ги.
12. Не ги оставај да те допираат кога ќе ти речат дека пијани работат подобро.
13. Оди со веќе сварено кафе за сестрите да не мораш да ги чекаш нив да варат додека те примат.
14. Спреми блузи со долги ракави за наредните две недели затоа што ќе изгледаш како наркоман во раката. Сите што можеа да погодат вена напрво сега земаат крв во Германија.
15. Надевај се дека во болницата е дојден странски експерт кој може да те прегледа
16. Научи се да коегзистираш со кучиња, лебарки и мов.
17. Капи се во антибактериски гел. Три пати дневно се разбира доколку има вода во болницата.
18. Помири се со твоето непознавање на медицината. Се разбира дека една виршла, две парчиња леб и чај се храна која му е доволна на болен организам да зајакне.
19. Теши се дека кога ќе излезеш барем ќе си послаб/а.
20. Биди медицинско чудо !!!!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Теа од Куманово ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум во Мексико

Теа Георгиевска од Куманово ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ кој идниот месец ќе се одржи во Мексико. Титулата Мис...

Ристовски: Познатите спортисти во Македонија нема повеќе да рекламираат казина и спортски обложyвалници.

Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Станува збор...

Пекара Жито Леб-Охрид: Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување на Бојана

Донираме ние, донирај и ти за Бојана! Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување...

Охриѓанката Миа Танеска повторно се закити со злато, Христијан Шибакоски !!!!!

Викендов на 5-ти октомври(сабота), се одржа возбудлив Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години во Плевен соседна Бугарија, на кој учествуваа околу 180...