10 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаЗабаваПеглам, чистам, готвам.. Не е оглас, си ги кажувам маките.

Пеглам, чистам, готвам.. Не е оглас, си ги кажувам маките.

spot_imgspot_img

Готвење

Иако ретки се случаите кога мажот ќе се нафати да зготви нешто низ дома, сепак светската статистика вели дека мажите се подобри готвачи од жените. Притоа, фокусот на оваа потточка е на начинот на кој се готви.

Мажот гледа да заврши со што е можно помалку помагала, и се труди со една лажица да ги измеша сите јадења кои во моментот ги подготвува. Додека тој готви, гледа околу него сѐ да е средено, и да останат што е можно помалку садови за миење.

Жената, од друга страна, сака јадењето да изгледа убаво и главниот фокус и е на тоа, па не обрнува внимание на тоа колку садови ќе извалка, и колкаво ќе биде купчето за миење по ручекот.

Местење слика

Ако жената науми дека одредена слика или украс треба да стои на одредено место во домот, тоа ќе се оствари, без разлика дали е изводливо или не. Бадијала ќе биде расправата дека не може со шајка во гипс картон да се закова сликата, бадијала ќе биде објаснувањето дека позади ѕидот поминува цевка за вода и не може таму со бормашина да се буши.

Доколку мажот не се согласи да го изведе замислениот план, тогаш жената фино поштено ќе си викне мајстори и ќе си плати. За разлика од неа, мажот кога сака да стави слика во домот, првото нешто што го гледа е каде може да се закачи истата. Доколку локацијата ги помине сите безбедносни тестови, сликата ќе биде таму закачена, без разлика на тоа дали одговара на останатиот дел од домот или не.

Уредување на домот

При уредувањето и местењето на домот, жената ќе помине минимум 12 списанија, 14 интернет портали за уредување на дом, и ќе се консултира со 11 пријателки за тоа. Откако распоредот ќе ги помине сите фенг шуи тестови, и златни правила кои ги смислил уредникот на едно од 12-те прочитани списанија, уредувањето може да започне.

Најверојатно по неколку години, овој распоред ќе ѝ здосади, па ќе мора да се реорганизира, но сѐ додека една од другарките не го искоментира распоредот со негативен тон во гласот, супер е.

При уредувањето и местењето на домот, на мажот му се важни три основни работи: локацијата на фрижидерот (што поблиску до балконот, тоа подобро), соодносот на каучот со телевизорот (никако не смее да има фреквентен простор за поминување пред телевизорот) и практичноста (сѐ мора да е во добар сооднос со локацијата на каучот каде што ќе се помине остатокот од животот).

Одење во тоалет

Кога мажот оди во тоалет, тој влегува, „завршува работа“ и излегува. Брзо и едноставно (добро не е секогаш брзо). Кога жената оди во тоалет, таа мора да провери неколку пати дали има хартија, дали е сѐ чисто и средено пред и после нејзината „работа“, и дали е кренат или спуштен капакот.

Иако вечната дебата за тоа дали капакот на вц школката треба да е спуштен или кренат е потполно погрешна (по логика, капакот треба да е секогаш кренат, затоа што помалку бактерии и труд се потребни да се спушти капакот отколку да се крене), сепак мислам дека никогаш нема да дознаеме кој е во право а кој не.

Пазарење

Кога мажот оди да пазари, жената му прави список, тој оди во супермаркет (или пазар) како мало дете со списокот во рака, купува сѐ што е на листата (притоа најчесто го промашува брендот на потребниот производ), и се враќа дома (повторно брзо и едноставно).

Кога жената оди да испазари, списокот го знае на памет, пазари што пазари, се враќа дома, приметува дека заборавила неколку работи, па го праќа мажот да допазари.

Спална соба

За новите генерации кои го прескокнаа (прескокнавме) воениот рок, оваа тема е малку чувствителна. Мажите кои биле во војска, немаат проблем со уредноста на спалната соба, имаат дисциплина и го местат креветот после секоја употреба.

За жените помалку или повеќе важи истото, со исклучок на „столчето“ кое е тука за сите оние алишта кои се еднаш носени, а е срамота повторно да се носат истите два дена по ред.

Мажите кои не биле во војска, сметаат дека местењето на креветот е непотребно, и никогаш нема да го наместат, освен ако не добијат таква наредба од домашниот „генерал“ од понежниот пол. Овие мажи исто така го користат „столчето“, така што понекогаш доаѓа до конфликт.

Чекање гости

Доколку станува збор за викање пријатели на ручек кој инволвира правење скара, мажот е тој кој ќе ја преземе одговорноста, и ќе даде сѐ од себе за гостите да му го пофалат ручекот. Мажот ќе биде секогаш поинволвиран доколку станува збор за собир на негови другари и/или гледање на натпревар.

Жената од друга страна пак, е онаа која сака сѐ да е средено (за да не ја зборат по луѓе), и се труди сѐ што ќе се подготви, да биде сервирано во најдобро можно издание. Масата мора да е совршено наместена, и гостите мора да бидат хотелски услужени (освен ако не станува збор за машкото друштво кое дошло за натпреварот).

Перење и пеглање

За жената, овие активности не се ништо ново ниту пак посебно, рутински ги завршува во најдобар можен ред, и не става преголем акцент на сработеното.

Мажот, во ретките случаи кога ќе се нафати да заврши некоја од горенаведените активности, мора да знае цело маало дека тој пеглал или перел. Во повеќето случаи кога мажот треба да ги испере алиштата, мора прво да помине низ туторијалот за да не утне нешто.

И покрај тоа што најчесто мажите овие активности ги извршуваат со цел да одмори нивната сопруга/девојка, тоа не се случува, бидејќи не смее да бидат оставени без надзор од специјализираното лице.

Мажите и жените во горенаведените примери се земени од балканската генерализација, и се молат истите да не го сфаќаат овој текст премногу сериозно. Сите ликови во овој текст се фиктивни, освен оние кои не се.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...