20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонија„Најлудо“ се вози на Скопската обиколница, нови бројачи за брзина и фреквенција

„Најлудо“ се вози на Скопската обиколница, нови бројачи за брзина и фреквенција

Со брзина од 150 километри на час се движеле над 13.300 автомобили на Скопската обиколница во текот на септември годинава. На патот Тетово – Гостивар, пак, со брзина од 150 километри на час возеле 3.921 возило. Вкупната фреквенција на сите патишта во државава заклучно со септември годинава изнесува 490.735 возила, покажуваат податоците од автоматските и мобилните бројачи што ги поставува на патиштата Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).Автоматските бројачи, заклучно со средината на септември, покажуваат просечен годишен дневен сообраќај (ПГДС) со по околу 16.000 возила, а како најоптоварени со сообраќај меѓу државните патишта се делниците Велес – Петровец, Тетово – Гостивар и Миладиновци – Хиподром. По нив со околу 15.000 возила следат Скопје – Тетово, со околу 14.000 Велес – Градско, со околу 13.000 клучката Гевгелија до границата со Грција, Хиподром – Петровец…ЈПДП има податоци за бројот и категоријата на возилата, брзината со која се движат и сообраќајното оптоварување на 170 патни делници на државните патишта што ги добиваат од автоматските бројачи поставени на 70 локации и од петдневно броење на возилата, во текот на една година со мобилни бројачи на 99 патни делници на државните патишта.– Тоа ќе бидат показателите, кои заедно со податоците добиени од Системот за управување со патишта (Road Asset Menagment System), врз чија основа во иднина ќе имаме предвид каде и какви рехабилитации треба да се прават, а не според нечии желби, вели за МИА директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.Со тоа, како што појаснува, ќе имаат слика за сите идни активности. Оптоварувањето, зависно дали е големо или не, ќе покаже каков асфалт треба да се користи при активностите. Тешкиот сообраќај оштетува и многу е важно да се знае со каква густина се става асфалт на одредена локација. Со тоа наута покажува каде, колку и како треба да се рехабилитира и реконструира, а не според нечија желба, прецизира Китанов.ЈПДП почна да ги поставува автоматските бројачи од мај годинава. Во коловозот се  поставени сензори (индуктивни јамки и пиезо-сензори), со кои се врши мерење на должината на возилата и бројот на осовините на возилата, што е основа за категоризирањето на возилата во девет. Со автоматските бројачи на возила се вршат мерења на 70 локации, перманентно, односно 24 часа 365 дена во годината. Проектот за кој е потпишан договор во 2017 година е во вредност од 550 илјади евра.Со мобилни бројачи, пак, се вршат мерења на помалку фреквентните патишта. Тие се поставуваат на столбови на сообраќајни знаци и се оставаат 24 часа да собираат податоци, по што се исчитуваат и бројачот се поставува на друга локација. Тоа се прави пет дена во годината и се добиваат податоци за број на возила кои се движат по патот, пет категории на возила, како и брзина со која се движат. Детекцијата ја вршат со радарски систем. Со нив се заменува досегашното рачно броење.– За целата патна мрежа на државните патишта имаме податоци за бројот на возила, категоријата и за брзината на движење. Податоците за брзината се користат за подобрување на безбедноста во сообраќајот, а ќе ги даваме на Министерството за внатрешни работи затоа што токму брзото возење е главна причина за сообраќајните несреќи, објаснува Кирил Каркалашев, помошник-раководител во секторот за одржување и наплата на патарина во ЈПДП.

 

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...