13.5 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаСистина го тужи Боки 13 за неплатен долг за операција на желудник

Систина го тужи Боки 13 за неплатен долг за операција на желудник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бојан Јовановски – Боки 13, кој е во притвор, тужен е од приватната клиника „Аџибадем Систина“ за неплатени 19.313 евра за операција за стеснување на желудникот- СДК. Денеска требаше во Граѓанскиот суд Скопје 2 да почне главната расправа, но адвокатот му го откажал полномоштвото, немал рече контакт со притворениот Јовановски, па судењето се одложи за декември.

<

Судијката Лилјана Зафировска-Петреска рече дека за следното рочиште на Јовановски ќе му испрати покана во затворот во Шутка, бодејќи планира оваа граѓанска постапка да почне со негово сослушување.

Фактурата од „Аџибадем Систина“ Боки ја примил уште во април, но не ја платил. Освен за операцијата на желудникот, во вкупната сума, според полномошникот на клиниката, биле пресметани и третманот и услугите што ги добивал таму тужениот. Во меѓувреме, Боки 13 откако е во притвор, постојано го носат во болница поради нагони за повраќање. Кога бараше пред Апелација да биде пуштен од притвор, рече дека не се чувствува добро до таа мера што животот му е загрозен. Но, од медицинската документација, судот утврди дека не е така и Јовановски е сѐ уште во притвор.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...