15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПоп од делчевско сака да биде погребен во дворот на црквата, ама...

Поп од делчевско сака да биде погребен во дворот на црквата, ама селаните се бунтуваат. (Видео)

spot_img

Отворен гроб во делчевско Трботивиште ги распаметува соседите на селската црква. Гробна дупка веќе извесен период таму зјае празна и е причина за лоши асоцијации кај жителите, но и револт:

<

„Ни е тука,живеел, ниту пак е бил поп , ни е чествувал.Јас треба кога ќе излезам од врата да гледам во на Џаџо гробо. На влезот на црквата и на влезот на кршталницата има две дупки.Ниту е пополнета дупката што ја ископаа , а другата ја бетонираа“изјави жителка на село Трботивиште

Гробното место е резервирано за свештеникот Ѓорѓи Џаџов кој е жив и здрав во Штип, но одлучил кога ќе му дојде време, да биде погребан во родното село:

„Јас како свештеник поднесов барање до митрополитот на Брегалничката епархија за да бидам закопан во дворот на црквата“ изјави свештеник Ѓорѓи Џаџов

Дека сé е според каноните тврди и селскиот поп, во чија парохија е ископан гробот:

„Според црковните канони, тој има доставено до мене документ и ипархијата со кој може да се погребе во црковниот двор.Уште во старо време е дозволено свештениците да може да се закопуваат во црковниот двор“ изјави Паско Шантевски-свештеник

Ова секако не е одговорот што сакаат да го чујат сите оние кои за да влезат во црквата и крстилницата , мораат да поминат покрај отворената дупка.

Тие со петиција ќе бараат нејзино итно потрупување, а сите покојни, вклучително и свештени лица, да се погребуваат на селските гробишта.

/TV STAR

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...