4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКриминалот продолжува: Мијалков доби лицена за обложувалници, потписот е на Бујар Османи.

Криминалот продолжува: Мијалков доби лицена за обложувалници, потписот е на Бујар Османи.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Друштвото за приредување на игри на среќа Макс Бет, во чија сопственичка структура се наоѓа компанија во сопственост на семејството на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, почнува да формира мрежа на обложувалници во Скопје и други градови низ Македонија, откако пред половина година доби лиценца од владата за првата обложувалница, пишува Фокус.

<

Според податоците од Централниот регистар, компанијата за коцкање и обложување моментално има регистрирано 25 подружници за приредување на игри на среќа, кои во најголем дел се наоѓаат во Скопје (Центар, Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров), но и во други градови, како Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево.

Притоа, управител на сите подружници е поранешниот директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Македонски шуми, Владимир Бахчоваковски, кој воедно фигурира и како малцински косопственик во компанијата со влог од 25.000 евра.

Како доминантни сопственици на македонската Макс Бет моментално се јавуваат истоимената српска компанија на Саша Марчета и домашната компанија Бест Веј Инвестмент, во сопственост на синот на Мијалков – Јордан Мијалков, чие учество во главнината на друштвото изнесува по идентични 237.500 евра.

Инаку, оваа компанија на Мијалкови и српскиот бизнисмен Марчета, кој во својата земја е познат како „кралот на коцката“, е формирана на средината на 2018 година, додека во мај годинава добива ја доби првата лиценца од владата за приредување на игри на среќа.

Станува збор за одлука донесена на 136-тата владина седница, која ја водел вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, со оглед дека тој се јавува како потписник на лиценцата за Макс Бет, во која се наведува дека друштвото ги исполнило потребните услови за да добие лиценца за локација на булеварот Јане Сандански во Аеродром.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...