13.9 C
Ohrid
вторник, март 11, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Бројот на возила во Брза помош е удвоен.

Филипче: Бројот на возила во Брза помош е удвоен.

spot_img

Итната помош е еден од сегментите кои најмногу ги зајакнавме во изминативе 2 години”, рече Министерот за здравство, Венко Филипче при гостувањето на дебатната емисија Детектор на ТВ Сител. Како што тој изнесе, во овој период примени се 84 доктори и околу четириесетина од нив распределени се токму во Итната медицинска помош соодветно на потребите, во Скопје и во другите градови. Покрај нововработените доктори, за Брзата помош набавени се и 12 нови возила, а уште 7 ќе следат. Со овие инвестиции, министерот рече дека значително се зголемуваат капацитетите на Итната помош.

<

“Со зголемување на кадарот и новиот возен парк значително е скратено времето на чекање, до 7 минути во Скопје, а 12 до 13 надвор од Скопје. Итната помош е брза и ефективна услуга за потребите на граѓаните така што наспроти ширењето лажни вести од страна на ВМРО ДПМНЕ дека Итната помош не била ефективна при интервенција, овие бројки и факти кажуваат дека Итната медицинска помош во македонското здравство ги зголемува капацитетите да излезе пресрет на секоја ситуација”, изјави министерот Венко Филипче во неговото гостување во ТВ емисијата Детектор на ТВ Сител.

Докторите специјалисти во изминатите две години добија зголемување на платите до 40% што е најголемо досега. Овие зголемувања се одвиваа во три наврати, рече Филипче

“Со зголемување на платите континуирано инвестираме во човечки капитал. Вкупното зголемување на платите (основната плата и сумата за дежурства) од 2018 година заклучно со тоа што ќе следи во февруари 2020 година, за лекар специјалист е над 40%, исто толку е и за наставен кадар. За лекар специјалист само во февруари зголемувањето е 25%, за општите лекари 15%, а 10% за медицинските сестри. Кумулативно за Клиничкиот центар за минатата година зголемувањето е 23%. Тоа е инвестицијата во човечкиот капитал од 2 милијарди денари за 2 години, во основната плата и за дежурствата. Со зголемувањето на основната плата во три наврати досега, и зголемувањето на дежурствата е направена инвестиција во примањата од најголем обем досега, што е првпат да се случи во јавното здравство”, потенцираше министерот.

Покрај за платите министерот зборуваше и за укинувањето на квотите.

“Пациентите заслужуваат да имаат лесен пристап до лекови, а укинувањето на квотите за лекови на рецепт овозможи полесен и сигурен пристап до лекови. Со контролата во издавањето на лековите, се постигна намалување на потрошувачката на лекови дури и до 30% во некои региони. Во фармацевтскиот сектор се направија големи реформи, а новите квоти за лекови е една од нив, граѓаните имаат лекови во кој било ден од месецот, сите лекови се со сертификат”, истакна Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Македонија во Вселената! Мартина Димоска докажува дека ниту еден сон не е преголем – дури и кога е надвор од овој свет.

Од Македонија во Вселената! Мартина Димоска докажува дека ниту еден сон не е преголем - дури и кога е надвор од овој свет. Мартина Димоска...

Васко Ковачевски и други 10 лица опфатени со истрагата за нелегална набавка на деривати

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, е меѓу осомничените во истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство за организиран...

Тешка сообраќајка во Охрид: Се судрија автомобил и мопед.

Пред половина час се случи уште една тешка сообраќајна незгода помеѓу мопед и автомобил марка Форд кај селото Велгошти. Како што дознаваме со мопедот управувало...

Двојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

Двојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“. ТВ Клан го објави свидетелството од втора година средно на професорот Блерим Саити, кој...