5.2 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаМоите деца имаат две мајки кои се сакаат, каде е тука проблемот?

Моите деца имаат две мајки кои се сакаат, каде е тука проблемот?

spot_img

Поранешната голманка на ЖРК Вардар, Амандин Лејно живее со нејзината партнерка Анабела и сосема отворено говореше на таа тема и за нивните близнаци. Лејно е светски шампион, европски шампион, олимписки вицешампион и дванаесеткратен шампион во националните првенства, но и една од најискрените спортистки. Пред две години, раѓањето на нивните близнаци Марсел и Мила им го промени животот.

<

ДЕЦАТА СТАНАА ВИСТИНСКА ТЕМА НА РАЗГОВОР, ПРАКТИЧНО СЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ. ТИЕ СЕ РОДИЈА ПРЕДВРЕМЕ, ПОМИНАА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, РЕЧИСИ ГИ ИЗГУБИВМЕ. ПРЕКУ ОВА ИСКУШЕНИЕ СТАНАВМЕ СВЕСНИ КОЛКУ СМЕ СРЕЌНИ ШТО СМЕ ЖИВИ, ТОА МЕ ПРЕОБРАЗИ. ПОМИНАВМЕ МНОГУ ТЕШКИ МОМЕНТИ НО СЕГА Е ДОБРО, ИЗЈАВИ ЛЕЈНО.

Партнерката на Лејно ги роди близнаците во Скопје, додека таа беше член на Вардар.

МОЈАТА ПАРТНЕРКА АНАБЕЛА ГИ РОДИ НАШИТЕ БЛИЗНАЦИ, НО И ЈАС ЈА ПРЕЗЕМАМ УЛОГАТА НА МАЈКА ОД СЕ СРЦЕ. ДА СЕ БИДЕ МАЈКА Е УЛОГА НА ЖИВОТОТ, ИМАТЕ ПОГОЛЕМА СИЛА ЗА СВОИТЕ ДЕЦА ОТКОЛКУ ЗА СЕБЕ, НО БЛИЗНАЦИТЕ СЕ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ РАБОТА. ИМАТЕ ДВЕ РАЦЕ, НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ НОСИТЕ ИСТОВРЕМЕНО, А СЕКОГАШ ИМАТЕ ВПЕЧАТОК ДЕКА НЕ ИМ ДАВАТЕ ДОВОЛНО, ПРОДОЛЖИ ФРАНЦУЗИНКАТА.

Таа никогаш не сакаше да се фали или да ја покажува во јавност нејзината партнерка.

НЕ САКАМ ДА БИДАМ ЕТИКЕТИРАНА, ЈАС СУМ ЛИЧНОСТ ЗАДОВОЛНА И НА ТЕРЕНОТ И ВО ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ. НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД ПРЕДРАСУДИ. МОИТЕ НАЈБЛИСКИ ГО ЗНААТ ТОА И МЕ САКААТ КАКВА ШТО СУМ. ПОРАНО НЕКОИ КОМЕНТАРИ МЕ ПОВРЕДУВАА, НО СО ТЕК НА ВРЕМЕ НАУЧИВ ДА НЕ ГИ ПРИФАЌАМ ЛИЧНО ШТО МНОГУ МИ ПОМАГА ДА ЖИВЕАМ ЦЕЛОСНО СЛОБОДНО, ГОВОРЕШЕ ЛЕЈНО ЗА НЕЈЗИНАТА ЖИВОТНА ОПРЕДЕЛБА.

Според Французинката најважно е децата да бидат опкружени со љубов.

МАРСЕЛ И МИЛА ЗНААТ ДЕКА ИМААТ ДВЕ МАЈКИ, МНОГУ МЕ ПОВРЕДУВА КОГА ВЕЛАТ ДЕКА ТАТКО И МАЈКА ТРЕБА ДА ОДГЛЕДУВААТ ДЕТЕ. НАЈВАЖНО СПОРЕД МЕНЕ Е ДЕЦАТА ДА БИДАТ ОПКРУЖЕНИ СО ЛУЃЕ КОИ ГИ САКААТ. НИЕ СМЕ ДВЕ МАЈКИ КОИ СЕ САКААТ И ТИЕ ТУКА НЕ ГЛЕДААТ ПРОБЛЕМ. ОПШТЕТВОТО СЕ РАЗВИВА РАЗЛИЧНО И НЕКОИ ЛУЃЕ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ЗАМИСЛАТ РАБОТИТЕ ПОИНАКУ, НО СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА ИЗБОР КАКО ЌЕ ЖИВЕЕ, ЗАВРШИ ЛЕЈНО.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...