12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаНи фали нашата мајка: Пет малолетни дечиња живеаaт сами со нивниот татко,...

Ни фали нашата мајка: Пет малолетни дечиња живеаaт сами со нивниот татко, измрзнати и гладни. (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

Измрзнати и гладни, во недоизградена куќичка, без елементарни услови за живот, без бања, во импровизирани соби, меѓу ѕидови од голи цигли полни со дупки од каде што постојано дува, без можност за лична хигиена, со расипан шпорет и без греење…

Вака преживуваат 39-годишниот Ајнур Симоновски и неговите пет малолетни деца, Алмир, Љубица, Јасмина, Леонора и најмалиот Анџело, кои се без мајка. Мајка им по чинала минатата година во септември, кусо по породувањето со најмалиот Анџело.

„Никогаш нема да ја запознае мајка си“ – вели таткото Ајнур.

Анџело го добил името по желба на покојната мајка. Ајнур раскажува дека неговата сопруга, како што му кажале лекарите, починала од компликации со срцето. Вели дека претходно немала здравствени проблеми, освен што била боледувала од астма. Пет дена по породувањето, во јули 2018 година, состојбата ѝ се искомплицирала, ѝ станало многу лошо и му се пожалила на сопругот дека има големи болки и не може да дише. Лекарите успеале за момент да ја реанимираат, но набргу потоа паднала во кома и починала.

Тукушто родениот Анџело, до навршување на возраст од десет месеци, живеел во згрижувачко семејство во Шуто Оризари, но сега си е дома со татко му, братот и сестричките.

„Да, згрижено беше детето. Десет месеци беше згрижено и јас имав контакт со луѓето кои го згрижија. Тие беа навистина луѓе на место и многу добро го чуваа Анџело. Згрижувачкото семејство беше од Шутка“, вели таткото Ајнур Симоновски.

Петте дечиња немаат никакви посебни барања и желби. Како и сите други дечиња, сакаат топол дом, нова облека, по некоја играчка, ранче и прибор за во училиште. Најчесто одат во стара облека а во дворот играа во искинати и несоодветни обувки.

На прашањето што најмногу сакаат, Алмир, Љубица, Јасмина, Леонора и Анџело како од пушка одговорија „ни фали мама“. Малата Леонора погледна кон небото и рече: „Мама е таму горе, секој ден ѝ мавтаме“.

Таа не бара многу, само сака да се чувствува како другите деца, нормално. Малку поголемата Љубица посака барем наутро да биде топло, да може да се подготви за во училиште. Јасмина засрамено рече дека само сака нова играчка за помалите братче и сестричка, Анџело и Леонора…„Мене најмногу ми фали мама. За во училиште ми треба нов ранец, моливи, боички и тетратки, а дома ми фали да е топло секое утро“, вели 10-годишната Љубица.

Целата сторија на Фронтлине.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...