14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарската академија : Македонскиот јазик не постои, тој е наречје на бугарскиот

Бугарската академија : Македонскиот јазик не постои, тој е наречје на бугарскиот

Официјалниот јазик во Република Северна Македонија е писмено-регионална норма на бугарскиот јазик, е едногласниот и непроменет став на Бугарската академија на науките (БАН), потврден на денешната седница на Академијата и објавен во нејзиното официјално соопштение.

ва тврдење на БАН е одговор на „Повелбата за македонскиот јазик” на Македонската академија на науките и уметностите од 3 декември, документ, кој според БАН, предизвикува многу сериозни научни забелешки.

„Во Повелбата се конструирани историски и јазични аргументи во одбрана на официјалниот литературен јазик на Република Северна Македонија како посебен, независен јазик со континуитет и генеалогија, дефиниран во Скопје како ‘македонски’. Документот предизвика многу сериозни научни забелешки”, пишува во соопштението од БАН.

По Повелбата на МАНУ раководстворо на БАН побарало мислење од три институти и за нив дискутирало на седницата во Софија. Заклучокот за македонскиот јазик произлегол од мислењата на Институтот за бугарски јазик, Кирило-методиевскиот научен центар и Институтот за научни истражувања, како и на некои академици.

„На седницата на 11 декември 2019 година, Собранието на академици и придружните членови дискутираше за Повелбата на МАНУ и добиените мислења од институтите на БАН. Ставовите на членовите на Собранието беа едногласни и категорични во одбрана на научните вистини и факти во однос на потеклото, историјата и карактерот на официјалниот јазик во Република Северна Македонија, кои во наведената Повелба беа претставени некоректно и со замена на научната терминологија. Бугарската академија на науките смета дека ставот на Собранието на МАНУ е неточен и неприфатлив, штетен за односите меѓу двете соседни земји”, се наведува во соопштението.

За овој став, БАН додава дека ќе биде информирано и Народното собрание на Република Бугарија, како и другите државни институции.

Во мислењето на Институтот за бугарски јазик, меѓу другото, пишува дека континуитетот на, како што се вели, таканаречениот македонски јазик всушност е континуитет на бугарскиот јазик, дека фактот што „македонскиот јазик се изучува на голем број странски универзитети се должи на државната политика на РСМ за целисходно субвенционирање на лекторатите во странство”, како и дека „претставувањето на бугарските книжевници и дејци Марко цепенков, Кузман шапкарев, Григор Прличев, Браќата Миладиновци и други како македонски е извртување на историската и научната вистина”.

Според Кирило-методиевскиот научен центар, пак, Повелбата на МАНУ е обид да се прекине врската на современиот официјален јазик на Република Северна Македонија со неговите бугарски корени и производ на манипулацијата со историските факти и прикривање на вистината.

„Современиот официјален јазик на РСМ е резултат на политички причини, а не на лингвистички развој и претставува регионална бугарска литературна норма, создадена на база на бугарски дијалекти од Македонија и кодифицирана со решение од мај 1945 година”.Институтот за историски истражувања во своето мислење го користи терминот таканаречен македонски јазик и дека е воспоставен во 1944-1945 година врз база на неколку месни дијалекти за кои се сметало дека се географски доволно оддалечени од Бугарија, па според тоа и доволно далеку од бугарскиот литературен јазик.

„Единственото нешто што го карактеризира таканаречениот македонски јазик (а то не е мало)  е неговата широка и целосна србизација. ‘Бугарски, напишан на српска машина з апишување’, е ставот на на неименуван австриски лингвист”, стои во мислењето на Институтот.

Академикот Иван Радев, пак, во своето мислење тврди дека невозможно е јазик кој официјално бил кодифициран во 1945 година да се третира како „признат и рамноправен со другите јазици во светот” и како „јазик со многувековен континуитет”.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...