4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев чистеше со администрацијата во акцијата „Не биди ѓубре“

Заев чистеше со администрацијата во акцијата „Не биди ѓубре“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секој човек има право на здрава животна средина, но истовремено и секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата во својата локална заедница, порача денеска премиерот Зоран Заев од ОУ „Панајот Гиновски“ во Бутел каде со владината администрација учествуваше во акцијата ,,Администрацијата чисти со Не биди ѓубре”.

<

-Доследно почитување и практикување на овие принципи претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните и севкупно врз граѓаните за да успееме да ги сочуваме локциите откако ќе заврши оваа акција, рече Заев.

Премиерот информираше за активностите на Владата кои се во насока на заштита на животната средина, посочувајќи дека за првпат се издвојуваат посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето. Во рамки на тој буџет во тек е спроведување на според него најголемата поединечна инвестиција во историјата на земјата за грижа за животната средина со издвојување на 10 милиони евра за инвертер климите кои ќе ги заменат печките на дрва и нафта во 10 илјади домаќинства во Скопје, Тетово, Битола и Куманово.

Заев потсети и на субвенциите што ги доделува Градот Скопје на домаќинствата и другите субјекти за чистење на оџац, како и за набавката на 562 прочистувачи на воздух во училиштата. МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...