22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаБЛАГОДАРЕНИЕ НА МЕДИУМИТЕ, БРАЌАТА РИСТЕ И ВЛАТКО ДИМИТРИЈЕВСКИ ОД ВЕЛЕС ДОБИЈА ПЕРСОНАЛНИ...

БЛАГОДАРЕНИЕ НА МЕДИУМИТЕ, БРАЌАТА РИСТЕ И ВЛАТКО ДИМИТРИЈЕВСКИ ОД ВЕЛЕС ДОБИЈА ПЕРСОНАЛНИ АСИСТЕНТИ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Две персонални асистентки кои ќе ги плаќа државата добија Ристе и Влатко Димитријевски од Велес. Денеска беше нивниот прв работен ден во домот на браќата, кои болеста веќе 27 години ги врзала за кревет.

<

Нивната мајка Лиле е задоволна што ќе добие одмена, бидејќи грижата околу нејзините синови не е нималку лесна работа за 64 годишна жена.

Двете асистентки ќе им помагаат вкупно осум часови дневно. Кога нашата екипа пристигна во домот на Димитријевски, ја затекна асистентката Весна Тошева, која примаше инструкции од Лиле околу начинот на грижа за Ристе и Влатко. За Тошева, ова е прво искуство на новата работа, откако пред извесно време завршила курс за персонален асистент и се здобила со сертификат.

Асистентите се ангажирани, откако пред дваесеттина дена преку Телевизија 24 мајката Лиле апелираше до државата под итно да и обезбеди помош околу грижата за нејзините двајца синови, бидејќи е на крајот од силите.

Од Центарот за социјални работи во Велес велат дека ги отстраниле меѓуинституционалните проблеми кои биле пречка асистентите да почнат со работа. Во исто време, ги потсетуваат сите невработени дека освен хуманиот повик, ова е и шанса за нивно вработување.

Лиле Димитријевска вели дека сега, со парите кои претходно ги даваше за помошничка, ќе може да плаќа физиотерапевт, кој наместо еднаш како досега, ќе доаѓа кај Ристе и Влатко повеќепати во неделата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...