18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалник на СДСМ ќе тужи зошто го нарекувале “дебел”

Градоначалник на СДСМ ќе тужи зошто го нарекувале “дебел”

Во текот на вчерашниот ден поднесов барање за извинување и повлекување на јавна објава до лицето Билјана Проеска за бројните навреди искажани кон мене. Проеска има 48 часа јавно да се извини и да ја повлече објавата на „Фејсбук“, во спротивно ќе добие тужба за навреда и нарушување на углед.

Вие, граѓаните, најдобро знаете дека постојано водиме дебати, добивам критики и разговарам со граѓаните за се што ги засега, како на социјалните мрежи, така во мојот кабинет, во градот, во населените места, на улица, секаде. Таа дебата, како што следите и сами, е секогаш базирана на аргументи, против аргументи, слободно искажување ставови и друго, но никогаш навреди. Нападот од навреди од Билјана Проеска трае долго време како на „Фејсбук“, така и на „Инстаграм“, а издржана критика или аргумент против моето раководење со општината досега не сум чул ниту прочитал. Од овие причини, не сакам да дозволам желбата за внимание кај оваа личност да се демонстрира преку лични навреди. Тие навреди ги следат мојата сопруга, моите две деца, моите пријатели, поддржувачи, а од спротива освен аргументи јас никогаш не сум кажал ништо поразлично.Истовремено, за сите мои сограѓани стојам отворен за конструктивна дебата во секое време, дебати преку кои ќе ги „судриме“ аргументите, нашите ставови и проблемите на општината.Навреди повеќе нема да дозволам, особено кога доаѓаат од мотивот за внимание”, напиша градоначалникот на Фејсбук.

Градоначалникот Томе Христовски не открива со кои зборови е навреден но на социјалните мрежи се објавува дека една од причините зошто тој би тужел е што негова сограѓанка го нарекувала “дебел”.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...