16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПетар Ѓурчиновски е полицаецот кој вчера загина во сообраќајна незгода

Петар Ѓурчиновски е полицаецот кој вчера загина во сообраќајна незгода

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Петар Ѓурчиновски, роден 1996 година во гостиварското село Тумчевиште е полицаецот кој вчера загина во тешка сообраќајна несреќа во моментот додека вршел увид на друга ссобраќајна несреќа. Тој денес беше погребан.

<

Полицаец, син, брат, другар, фудбалер и човек кој вистински ја сакал својата татковина. Вака пријателите и познаниците го опишуваат младиот Петар.

Вчера околу 19 часот на автопат Тетово – Гостивар, во близина на место викано „Тумчевишка клучка“ патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш. (31) од с. Грешница,кичевско удрило во двајца полициски службеници П.Ѓ. и Ф.Ш. додека извршувале работни задачи – обезбедување на место на настанот од претходно случена сообраќајна незгода. Потоа патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б. (39) од с. Синичане, кое се движело во правец Гостивар – Тетово удрило во полицискиот службеник П.Ѓ.

По незгодата, со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде од доктор кај П.Ѓ. е констатирана смрт, додека кај Ф.Ш се констатирани тешки телесни повреди.

skopje info

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...