18.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаСветНајдено девојчето што беше киднапирано од серискиот силувач Нинослав Јовановиќ

Најдено девојчето што беше киднапирано од серискиот силувач Нинослав Јовановиќ

spot_imgspot_img

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ вечерва рече дека најдобрата вест што можела да дојде е дека киднапираното девојче Моника Каримановиќ е пронајдено жива, а сега останува уште една важна работа, да се најде осомничениот за нејзиното киднапирање, Нинослав Јовановиќ.

Не сакам да вршам притисок, но го вложуваме секој атом на сила да го најдеме и да го изведеме пред лицето на правдата, изјави Стефановиќ пред новинарите во Пасјан.

„Имавме одлична соработка, а покрај војската, полицијата, БИА и сите луѓе од државните структури, и добри луѓе нудеа возила и беспилотни летала, им благодарам на ловците и луѓето од другите здруженија“, рече Стефановиќ и истакна дека се јавувале и пензионирани полицајци што сакале да се вклучат во потрагата.

Стефановиќ рече дека девојчето е пренесено во Клиничкиот центар во Ниш и дека не може да зборува за нејзината психофизичка состојба, зашто тоа ќе го сторат лекарите, но дека сите се надеваат на најдобро, иако верува дека ќе ѝ треба помош за да ја надмине оваа огромна траума.

Зоран Радовановиќ, директор на Клиничкиот центар Ниш, денеска изјави дека 12-годишната Моника Каримановиќ била примена во установата во свесна и стабилна состојба и комуницира со своите родители и со докторите.

Тој пред новинарите изјави дека девојчето има полесни повреди на рацете и на нозете, но дека нема повреди што би го загрозиле нејзиниот живот.

Радовановиќ рече дека тим психолози ќе продолжат да работат со девојчето, кое денеска беше пронајдено во селото Сврљишки Миљковац по 10-дневна потрага.

„Таа останува со својата мајка на Детската интерна клиника“, рече Радовановиќ.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...