15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаРегионот навреден -Се редат протесни ноти поради скандалозната поштенска марка

Регионот навреден -Се редат протесни ноти поради скандалозната поштенска марка

spot_imgspot_img

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина испрати протестна нота до македонската амбасада во Босна и Херцеговина заради скандалозната поштенска марка со мапа на Независната Држава Хрватска, која ја вклучува и територијата на БиХ.

Министерството на БИХ ја посочило посебната тежина на овој чин затоа што доаѓа на денот на одбележување на 75-годишнината од победата над фашизмот и Денот на Европа, кои се сведоци на период на мир и просперитет по идеолошките креации кои ги тероризираа и разделија граѓаните на Босна и Херцеговина и покрај нејзината историска инклузивност и мултиетничност.

Протесна нота пред тоа испрати и српското Министерството за надворешни работи. И ид таму негодуваат поради печатењето и објавувањето на поштенска марка на која како што велат – се наоѓа географска карта на фашистичката Независна држава Хрватска (НДХ).

За потсетување, вчера, со цел да се изрази благодарност за Хрватска која во моментов претседава со ЕУ, македонската пошта издаде поштенски марки на кои се најде картата на усташка Хрватска. Веста веднаш беше проследена со реакции во јавноста.

Од поштата, се извинија и ја повлекоа марката. Велат дека станува збор за ненамерна грешка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...