29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗА 20 ДЕНАРИ И ТОА СО ПРОМАШЕН ПАР: МАКЕДОНЕЦ ОСВОИ 1 МИЛИОН...

ЗА 20 ДЕНАРИ И ТОА СО ПРОМАШЕН ПАР: МАКЕДОНЕЦ ОСВОИ 1 МИЛИОН ДЕНАРИ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Добитникот на 1 000 000 денари и победник на „Втора шанса за милион“ на Sport Life е Риста
Милчевски од Крива Паланка. Тој го освои првото место со највисок „фатен“ коефициент на
тикетите со еден промашен пар.
Тикетот го уплатил во октомври за 20 денари, со 20 меча, од кои промашил само еден тип, а
имал вкупна квота од 19.562. Да го погодил и 20-тиот меч, ќе добиел 547 602 денара. Но,
благодарение на Втора шанса на Sport Life тој доби речиси двојно повеќе.

<

„На тикетот погодив 19 парови, само Вест Бромвич Албион – Барнсли не излезе единица како
што типував. Тој беше последен меч на тикетот, сите други 19 меча беа завршени претходно,
но не го штитев, верував дека ВБА ќе победи. Уплатата беше 20 денари, секогаш по толку
уплаќам“ – вели Риста, кој деновиве е херој меѓу обложувачите во Крива Паланка. Тој е
долгогодишен играч кој уште во минатото бил еден од четворицата главни добитници со
погодена 12-ка на југословенската Спортска прогноза. Упорноста и храброста и денес,
повторно му донесоа вистински погодок.


Објектот на Sport Life во Крива Паланка беше во центарот на вниманието, редовните
обложувачи и љубопитните минувачи сакаа искрено да му честитаат на добитникот. Сите што
уплатија тикет од 200 или повеќе денари, добиваа промотивни грепки со награди од типот на
вредносен ваучер или други промотивни производи од „СЛ маркет“

Токму тикетите со една “утка“ наместо да се фрлаат во корпа за отпадоци, овозможија
повторно изненадување и добивки за играчите на Sport Life. Покрај на прво наградениот,
Втора шанса им донесе добивки на останите 4 топ рангирани играчи. Тие освоија поени на
СЛ клуб картичката за вредни награди од СЛ маркетот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...