17.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЕмил Јакимовски доби осумдневен притвор

Емил Јакимовски доби осумдневен притвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар.

<

– Осумдневниот притвор му е одреден затоа што станува збор за скратена постапка, а исполнети се условите за опасност од бегство, бидејќи станува збор за дела против јавниот ред и моралот – информираат од Кривичниот суд.

Јакимовски на ова има право на жалба до кривичниот совет на истиот суд.

Обвинителството утринава поведе постапка за загрозување на сигурноста при семејно насилство и по пат на информатички систем како и за непочитување судска наредба.

Обвинителството проценило, а Кривичниот суд прифатил дека постои основ Јакимовски да биде пренесен во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој беше уапсен вчера и помина речиси 20 часа во полициска станица, по серијата вербални напади и деноноќно вознемирување на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, а и по пријава за семејно насилство.

По овие пријави, и други лица излегоа во јавност тврдејќи дека биле навредувани од страна на истото лице. Меѓу нив беше и директорката на Централниот регистар Марија Бошковска – Јанковски, која рече дека многу пати поднесувала поплаки до полицијата и се жалела дека е вознемирувана.

Минатата недела, Јакимовски доби отказ од Централниот регистар поради непочитување на колективниот договор и спорно боледување. Во меѓувреме, фан страницата на регистарот, која пред 10 години била отворена од Јакимовски, беше хакирана и беа постирани недолични постови. Бошковска – Јанковски претпоставува дека тие постови биле објавувани од Јакимовски.

Емил Јакимовски беше и активист на ВМРО-ДПМНЕ, а кон почетокот на месецов наводно бил исклучен од партијата. Тој раководеше и со неколку веб – портали.

За Јакимовски веќе има една судска пресуда за семејно насилство од март минатата година. Тој е условно осуден – ќе треба да одлежи една година затвор, доколку во наредните три години го повтори делото.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...