10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаУтре и ловџиите се вклучуваат во потрагата : Специјалци и кучиња трагачи...

Утре и ловџиите се вклучуваат во потрагата : Специјалци и кучиња трагачи шест дена ја бараат исчезнатата Марија

spot_img

Нема трага од 28-годишната Марија Брзакова од Босилово, која исчезна во саботата во утринските часови. Полициски службеници ја барат низ Струмичкиот регион, вклучени се и кучиња – трагачи на МВР.

<

Од утре во потрага по Марија Брзакова ќе се вклучат и ловџиите од струмичко. Портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска вели дека потрагата се организира во соработка со МВР и апелира сите заинтересирани ловџии да дојдат утре во 08:00 часот пред зградата на Општина Босилово од каде ќе започне акцијата за пребарување на теренот.

Марија во саботата била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнување во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...