11.4 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаСветКорона вирусот се појави и во Хрватска, двајца се хоспитализирани.

Корона вирусот се појави и во Хрватска, двајца се хоспитализирани.

spot_img

Двајца пациенти за кои постои сомнеж дека се заразени со коронавирус се примени во општата болница во Винковци, јавуваат хрватските медиуми.

<

И двајцата хоспитализирани се хрватски државјани што работеле во Кина, момчиња родени во 1996 и 1997 година, пренесува Индекс.

Директорот на болницата, Крунослав Спорчиќ, рече дека едниот пациент во неделата имал покачена температура, а другиот има респираторни проблеми.

„Ги зедовме сите примероци, чекаме потврда дали станува збор за коронавирусот или не. Според клиничката слика, попрво би рекле дека не е отколку дека е. Тие се изолирани, преземени се сите мерки, нема сериозна закана за јавното здравство“, рече Спорчиќ на вонредна прес-конференција.

Според него, болницата во Винковци нема можност за тестирање, па примероците биле испратени во Загреб, а резултатите се очекуваат утре.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...