15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСтрумичанката Марија Витанова која загина во Пјаченца утре ќе биде погребена во...

Струмичанката Марија Витанова која загина во Пјаченца утре ќе биде погребена во вечното почивалиште

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Марија Витанова од Струмица, ќерка на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов, која загина во сообраќајна несреќа во Пјаченца на 2 февруари, заедно со нејзиниот братучед, Методиј Витанов, утре ќе биде испратена до вечното почивалиште на Градските гробишта во Струмица.

<

 

Погребот на 25-годишната Марија ќе биде во 14:00 часот, а претходно од 12:00 до 14:00 посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела во Струмица.
Според пишувањата на италијанските медиуми, Методиј Витанов (26), на 2 февруари во раните утрински часови, управувајќи автомобил „Рено Клио“ удрил во дрво и веднаш се запалил, па кога пристигнале спасувачите екипи веќе било доцна за двајцата. Медиумите пренесоа дека станува збор за кобно место на кое за десет дена се случиле три сообраќајни несреќи со фатални последици.

Текстот е првземен од Струмица нет https://www.strumicanet.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...