16.9 C
Ohrid
понеделник, септември 16, 2024
ПочетнаМакедонијаУште 50 евра ми фалат да ви ги дадам и да...

Уште 50 евра ми фалат да ви ги дадам и да ја имате ветената плата од 500 евра, ама па и немав цел мандат !!!

Просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика.

А пред да дојде на власт, оваа политичка гарнитура ветуваше дека во земјава на крајот на нејзиниот мандат просечната нето плата ќе достигне 500 евра, или 30.000 денари.

Тоа значи дека ветувањето не се исполни за 3.164, или речиси за точно 50 евра.

Од СДСМ за Фактор како објаснување го даваат фактот што тие немаа цел мандат од четири години, туку досега тие реално се на власт нецели три години, или конкретно 2,8 месеци.

Од таму нагласуваат дека за три години колку што се на власт, просечната плата се зголеми за над 4.000 денари, што е рамно на 68 евра.

Ќе биде интересно да се види каква ќе биде понудата на СДСМ за просечната плата за наредниот мандат доколку ја добие довербата од граѓаните.

Инаку, според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи раст од 4,1 отсто, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање за 12,4 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 12 отсто и градежништво за 11,9 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите стручни, научни и технички дејности за 9,3 отсто, информации и комуникации за 8,4 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 6,8 отсто. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 39 932 денари.

Притоа, на програмерите платата за само еден месец им пораснала за 4.469 илјади денари. Односно, во декември годинава тие земале плата од 96.332 денари, што е многу повеќе од 91.863 денари, колку што во ноември годинава земале во дејноста комјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Комјутерџиите се убедливо со највисока плата во земјава.
Огромни плати од 70.162 денари земаат и во воздухопловниот транспорт, односно контролорите на летање. Плата од 69.911 денари земаат во просек вработените во дејноста производство на основни фармацевстки производи.

Во финансиски и услужни дејности земаат по 65.885 денари, а во телекомуникацисискиот бизнис просечната плата е 62.066 денари.

фактор

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од...

Игор Стефаноски победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1!

Македонија, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на...

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️…

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️… Скандал по скандал, ја следат Зоолошката градина во Битола. Животните кои со децении се чуваат како затвореници, во крајно...

Стојанче Ангелов го прослави 52-ри роденден со две торти

Стојанче Ангелов го прослави 52-ри роденден со две торти. Еден по еден, еден. Една по една… 52. Така денес Стојанче Ангелов ги брои своите години,...