11 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКоронавирусот пристигна во Македонија: Се работи за 50 годишна жена која била...

Коронавирусот пристигна во Македонија: Се работи за 50 годишна жена која била во Италија на шетање..

spot_img

Пациентка е прва заболена од коронавирусот.

<

Таа моментно е сместена на Инфективната клиника во Скопје.

Таа веќе еден месец била на гости во Италија, две недели е болна, и бла третирана во болница во Италија, што значи дека инфицирана е од поодамна што значи дека не претставувала закана за оние со кои патувала и се вратила во државата.

По доаѓањето во Македонија пациентката се јавила на Инфективната клиника каде што ќе биде во карантин.

Пациентката е родена 1970 година и е од територијата на Скопје.

-Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажуваа на тоа дека таа еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија и непосредно по влегувањето на нашата земја директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста, рече Филипче.

Медицинските служби се подготвени во секој момент да мобилизираат тим кој ќе одговори на сите потреби.

Населението да биде мирно да не се крева паника.

Претходно денеска министерот Филипче рече дека случај со корона вирус засега од регионов има во Хрватска, а денеска беше потврден и првиот случај во Грција. Во Албанија корона вирус, како што рече Филипче, се уште нема, а од Косово се чекаат информации.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...