14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗабаваСигурно вашата баба или дедо ви ја кажувале приказната за кичевчанецот што...

Сигурно вашата баба или дедо ви ја кажувале приказната за кичевчанецот што се Повампирил.

Постои приказна во која многумина веруваат дека сепак е вистинита, за кичевчанецот кој се повампирил. Приказната за овој кичевчанец ја раскажува еден млад скопјанец кој ја слушнал од својата баба. Селанецот бил од кучевското село Извор. Додека неговата крава пасела, тој се одмарал под дрвото. Таа била врзана за колец, во негова близина кога во еден момент ја каснала мува и кравата почнала да се тегне и да прете при што се ослободила од колецот.
Како почнала да бега, така колецот го удрил кичевчанецот по глава и тој веднаш починал. Неговото тело било пронајдено од неговото семејство и утредента тој бил закопан.
Најчудно било што човекот почнал да се појавува како вампир и да ги плаши сите. Тој бил вистински вампир и правел се што правел додека бил жив.
Одел во шталата, ја пасел кравата, ја молзел. И семејството не знаело што да прави. Биле решени да се отселат од куќата бидејќи веќе не можеле да живеат во страв. Тие последна помош побарале кај некој селски џинџија или вампирџија. Тој им рекол дека крвта што му истекла кога го удрил колецот е уште на истот место и затоа доаѓа. Па, домашните отишле на местото кај што умрел, ја собрале земјата и ја ставиле во сандакот на покојниот. Оттогаш, вампирот веќе не се појавил.

Некои македонски приказни како оваа може да пробуди и смеа кај денешното модерно општество, но во минатото тие биле вистински страв и трепет за населението. Оние кои не веруваат во вампири ќе бидат скептици, но сепак постојат и археолошки докази кои покажуваат дека сепак има некоја вистина кога е во прашање оваа приказна и други мистериозни македонски легенди.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...