14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаУчениците ќе одат на принуден распуст - предлог мерка до владата?

Учениците ќе одат на принуден распуст – предлог мерка до владата?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешната седница на Кризниот штаб за справување со коронавирусот при  Министерството за здравство паднал предлог и за времен прекин на наставата во основните, средните училишта и на факултетите, но Владата ќе пресече дали и од кога на принуден распуст ќе бидат учениците, дознава Плусинфо неофицијално.

<

Владината седница е во тек, а дали ќе биде донесена и оваа мерка за заштита од ширењето на коронавирусот, од кој досега заболеа седуммина граѓани, јавноста ќе дознае денеска во 14 часот, кога прес-конференција ќе одржи министерот за здравство, Венко Филипче.

Во соседството, Албанија вчера ги затвори училиштата до 3. април како превентива од ширењето на коронавирусот, додека во Грција оваа мерка важи само за некои регионални училишта.

МНР предмалку повика граѓаните воопшто да не патуваат во Италија, а препораката важи за целата земја, не само за ризичните региони.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...