18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаБлагодарение на градоначалникот Пецаков- Охридските пожарникари прв пат после 20 години добиваат...

Благодарение на градоначалникот Пецаков- Охридските пожарникари прв пат после 20 години добиваат нова заштитна опрема

Охридските пожарникари првпат после 20 години добиваат нова заштитна опрема за шумски пожари. Ова на последната седница на советот го обелодени Коста Кузмановски од ТППЕ Охрид, како одговор на дискусијата на советничката од СДСМ, Живка Ангелоска, која обвини дека локалната власт ги намалува средствата во програмата за работа на ТППЕ Охрид. Кузмановски одговори дека намалувањето на средствата во програмата е како резултат на постигнување на пониска цена на тендерот за набавка на нови униформи.

„Никогаш претходно не се случило да имаме толкава искористеност на средствата, од 70 до 80%. Прв пат после 20 години добивме нови заштитни униформи за шумски пожари. Досега функциониравме по принцип на донации, ова е прв пат да добиеме комплетно нова за сите пожарникари, веќе е поминат тендерот. Дополнително се менува целата дограма на противпожарниот дом, заедно со индустриските врати“, истакна Кузмановски.

Средствата за набавка на новата заштитна опрема, како и за програмата на дограмата се обезбедени од Буџетот на општина Охрид.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...