12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМолитва за време на коронавирусот-Бигорски

Молитва за време на коронавирусот-Бигорски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Возљубени верници,

<

Ви предлагаме една современа молитва против актуелниот коронавирус, творба на Едескиот Митрополит г. Јоил. Доколку сакате, би било добро да ја вметнете во вашето секојдневно молитвено правило.

Господ Исус Христос, Лекар на душите и телата наши
Господи, Исусе Христе, Боже наш, врховен Лекару на душите и на телата, кој заради нас си се вочовечил, за да ја исцелиш големата рана на човекот; Кој не си ги презрел десетте болни од неизлечливата лепра, туку со Твојата спасителна благодат си ги очистил; Кој си дошол како Богочовек во деновите на Твоето присуство на земјата, благотворејќи и исцелувајќи ги сите болни и неволници; Кој си благотворел и си оздравувал парализирани, слепи, големи грешници, демоноопседнати и острастени, и телесно и умствено; прими ја благопријатно нашата молитва и изгони го, со Твојата сила, убиствениот вирус што носи облик на круна и предизвикува стравови, но и смрт кај немоќните и недоволно згрижените.

Иако поради многуте наши гревови си го допуштил ова искушение, Ти се молиме да го отстраниш од нас и од секое семејство. Иако заради испитание на верата си устроил тој да завладее, сопри го бранувањето на немоќните од оваа епидемија. Иако поради злодејството на непријателот или поради негрижата на површни луѓе тој се рашири, уништи ја неговата сила како Бог Сесилен.

Сочувај ја младината и огради ги немоќните, оние што се во старост од овој проклет вирус исцели ги и сите избави ги од притеснение на срцето, и наместо тоа, подари ни здравје, олеснение и широчина, по молитвите на Владичицата наша Богородица и на сите Твои Светии. Амин!

Бигорски Манастир

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...