4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОД УТРЕ APMИЈАТА ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦА...

ОД УТРЕ APMИЈАТА ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦА…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

очнувајќи од утре ќе биде забележано значително присуство на Армијата, комбинирано во заеднички патроли и активности, за обезбедување на сите државни граници на нашата татковина. Ќе имате можност да забележите наше учество и присуство во комбинирани заеднички патроли со полицијата и органите во земјата, изјави денеска началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на прес-конференција пред Генералштабот на Армијата.

<

Тој појасни дека покрај зајакнувањето и поддршката на граничната полиција на сите граници, дел од армискиот состав ќе се вклучи во комбинирани заеднички патроли со полициските службеници во обезбедување на одредени витални државни објекти, како и влезни и излезни комуникации, но во координации со Владата и во дополнителни ангажмани.

Проценките на Генералштабот, наведе Ѓурчиновски, се дека нема потреба во моментов за каква било мобилизација на резервниот состав на Армијата.

Имаме доволни капацитети човечки и технички, искуство, знаење, имаме соодветни мерки. Единството, диспилината на сите нас исклучиво се суштински со цел успешно справување со кризата, доследно почитување на мерките од надлежните институции, порача тој.

Во името на сите припадници на Армијата, Ѓурчиновски на сите граѓани им го честиташе полноправно членство во НАТО.

Генералот додаде оти од пред два дена по прогласувањето на вонредната состоба во нашата земја, Армијата спроведува и извршува дополнително значителни обврски и задолженија, а веќе реализираат заеднички активности во поддршка на МВР.

Бидете трпеливи, смирени, храбри, одважни, живееме во исклучително тежок временски период, но мора да направиме сè што е во наша моќ да бидеме на висина на задачата, строго да ги почитуваме препораките на надлежните соодветни институциите на Владата. Потребна ни е солидарност и едниство како никогаш досега. Човештвото, земјата, регионот, Европа и Светот се бори со многу моќен невидлив смртоносен непријател, но совладлив е доколку сите бидеме на достоинствен начин и строго ги почитуваме мерките и перпораките на нашите државните институции. Армијата целосно ќе се вклучи во поддршка на нашето население, апелираше Ѓурчиновски.

Генералот упати признаение до сите припадници на армијата, но и здравствените работници, полицијата и сите кои се справуваат со кризата за која во овој момент сите соодветно преземаме мерки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...