15.9 C
Ohrid
понеделник, септември 15, 2025
HomeМакедонијаМакедонски Телеком ја активира пробната 5g мрежа во Македонија.

Македонски Телеком ја активира пробната 5g мрежа во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Измерена брзина на мобилната мрежа за над четири пати поголема од 4G брзините
Телеком се подготвува за комерцијалниот старт на 5G
Денес, во Скопје, Македонски Телеком го реализираше првото 5G демо во земјата, со што направи уште еден чекор кон воведувањето на оваа технологија во Македонија, која ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците.

<

За прв пат во регионот, измерена е брзина преку мобилната мрежа, која е за над четири пати поголема од брзините на пренос на податоци на 4G мрежата.

„Денес ја измеривме најголемата брзина досега, иако брзината не е главната придобивка од 5G технологијата. Овој нов технолошки стандард ќе го смени не само начинот на кој комуницираме туку и начинот на кој живееме. Денес, покажавме дека одиме во чекор со европските земји, ги поставивме основите, ја демонстриравме неверојатната брзина на 5G. Но ова е само почеток, ќе продолжиме да инвестираме и да ја надградуваме мрежата за да бидеме подготвени за комерцијалниот старт“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

 

5G е нов технолошки стандард кој ќе биде главниот предизвик на телекомуникациските оператори во наредниве години. Супериорноста на мрежата во сите нејзини сегменти е главниот предуслов за воведување на оваа нова технологија. Со оглед на тоа, Македонски Телеком планира инвестиции во мрежата во наредните две години, за да ги исполни сите предуслови за комерцијалниот почеток на 5G.

Мрежата на петтата генерација не само што ќе донесе огромни брзини на пренос на податоци преку интернет и комуникација во реално време туку целосно ќе го смени начинот на кој што функционира нашето општество: Интернет на нештата (Internet of Things) ќе стане реалност (дронови, роботи), ќе живееме во паметни домови и паметни градови, ќе возиме паметни автомобили, а ќе имаме придобивки и во медицината, образованието, бизнисот.

5G технологијата ќе почне да се имплементира во Европа од 2020 година, а целосна имплементација со сите нејзини напредни функционалности се очекува во периодот по 2025 година.

crno belo

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...