14.8 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаСветМистериозно исчезна шефицата на итната служба од Вухан: Никој не знае каде...

Мистериозно исчезна шефицата на итната служба од Вухан: Никој не знае каде е храбрата докторка после „експлозивното“ интервју кое го обиколи светот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Докторката Аи Фен од Вухан која меѓу првите предупредуваше на појавата на новиот коронавирус, исчезна после интервјуто за кинескиот магазин „Ренву“ кое набрзо се прошири насекаде низ светот.

<

Да потсетиме, шефицата на итната служба во Централната болница во Вухан откри дека уште на 30-ти декември добила наод за пациент на кој пишувало „САРС коронавирус“ и за тоа веднаш ги известила своите колеги, меѓу кои и докторот Ли Венлианг, познат „свиркач“ кој почина од коронавирусот.

Откако било објавено интервјуто, кинеските власти набрзо го цензурираа во земјата, меѓутоа тоа веднаш се прошири во светот. Очигледно, сега кинеските власти се погрижиле и за докторката која најверојатно е уапсена, затоа што ѝ се губи секаква трага.

Во интервјуто, Фен изјави дека челните луѓе на болницата ја критикувале откако во декември минатата година ги предупредила своите колеги и надредени за новиот коронавирус сличен на САРС, кој докторите го откриле кај повеќе пациенти. Но, наместо пофалби, Фен добила укор на властите поради „илегално ширење на лажни информации“.

Исчезнувањето на докторката доаѓа во моментите кога кинеските власти се соочуваат со обвинувања за лажење и криење на клучни информации за епидемијата која прерасна во пандемија и се рашири насекаде низ светот. Пекинг на почетокот се обидуваше да ги заташка гласините за казнувањето на докторите кои навремено предупредиле, меѓутоа никој не презел ништо, со што се изгубила можноста за контрола на ширењето на вирусот

Дури и денес се појавуваат разни информации кои сугерираат дека официјален Пекинг информациите кои ги објави за коронавирусот не се точни, односно во земјата има далеку повеќе заразени и починати како последица на „Ковид-19“.

„Да знаев веднаш што ќе се случи, немаше да ми биде гајле за последиците. Ќе говорев за тоа насекаде, каде и да можев. Гледавме како ни доаѓаат се повеќе и повеќе пациенти, а размерот на инфекцијата само се ширеше. Набрзо добивме и пациенти кои немаа никаква врска со пазарот за диви животни за кој верувавме дека е извор на заразата“, изјави Фен во спорното интервју.

Додека докторката предупредувала, кинеските власти истовремено инсистирале дека новиот вирус не може да се шири меѓу луѓето. Конечно, кинеските власти на 20-ти јануари потврдија дека вирусот се шири од човек на човек, а во тој момент бројот на пациентите кои пристигнувале во болниците во Вухан бил поголем од дури 1,500,

Аи Фен во интервјуто ги опиша драматичните сцени од тие денови кои никогаш нема да ги заборави – како постар човек добива потврда за смртта на својот 32 годишен син и како на човек му било толку лошо, што не можел да излезе од автомобилот. Кога Фен стигнала до неговиот автомобил, тој веќе бил мртов.

„Јас не сум свиркач, јас сум таа која го даде свирчето“, изјави Аи Фен за „Ренву“, по што ѝ се изгуби секоја трага.

превземено од Точка.мк

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...

Криптовалути од над милион евра, земјшите, џип, сметка во Бугарија…каков имот пријавил Богојески?

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната...