16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес славиме Лазарова сабота: Никако не правете ги овие работи

Денес славиме Лазарова сабота: Никако не правете ги овие работи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, a точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

<

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота.

На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека (во некои делови на Македонија пеат и момчиња, како на пример во Тетово) одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе такви и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакува напредок на семејството, здравје и среќен живот на поединецот. Овој обичај се нарекува Лазарување.Danas je Lazareva subota, evo koji su običaji vezani za današnji ...

Во Македонија со Лазаревата сабота се поврзани повеќе обичаи. Еден од нив е да се носат гранчиња, но не било какви, туку од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во сѐ што ќе доживееме овие денови е скриена и тајната на нашето верување во Исус Христос, нашиот Спасител.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...