12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаИ покрај што Македонија го поминува најдолгиот полициски час денес се регистрирани...

И покрај што Македонија го поминува најдолгиот полициски час денес се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови:

<

– Скопје 15
– Куманово 18
– Прилеп 14
– Тетово 2
– Струга 10
– Велес 6
– Битола 1
– Гостивар 1
– Кочани 1

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.

На инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.

Во земјава денеска е втор ден од целосната забрана за движење во текот на викендот, што започна во петокот во 16 часот и ќе трае до утре до 5 часот.

Ваквата мерка е воведена во обид да се намали ширењето на коронавирусот, кој до вчера однесе 34 животи и од него заболеа 827 лица.

Од забраната се изземени полицијата, армијата, здравствените работници, а таа не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи, како и за аптеките кои работат непречено.

Забраната како овој викенд, со која се инвестираме во сопственото, но и во колективното јавно здравје, според најавите, ќе важи и за време на претстојните верски празници.

Дежурни екипи на Државниот пазарен инспекторат вршат проверка на маркети кои работат дали имаат соодветни дозволи од кризните штабово во градовите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...