8.3 C
Ohrid
сабота, ноември 28, 2020
Почетна Македонија Не се обидувајте да одите во црква, казните се до 2.000 евра:...

Не се обидувајте да одите во црква, казните се до 2.000 евра: Полициски час од петок до вторник за Велигден

Translate (Eng):[gtranslate]

Од петок попладне до вторник наутро, за време на Велигденските празници да трае полицискиот час, е една од мерките која ќе се разговара на владина седница, а потоа ќе се размислува дали мерките ќе важат за следните викенди, рече министерот за здравство Венко Филипче на отворена дискусија во Владата заедно со заменик-министерот Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ.

„Точно каква мерка ќе биде воведена за наредниот продолжен викенд ќе се одлучи на владина седница деновиве. Еден предлог е полицискиот час да трае од петок попладне 16 часот до вторник наутро, што значи уште еден ден би се додал, понеделник“, кажа министерот.

Филипче повтори дека нема да биде ист начинот на живот, после намалувањето на рестрикциите, но дека постепено, согласно препораките на Комисијата за заразни болести до стопанските комори, ќе се организира начинот на работа во институциите и претпријатијата.

РЕКЛАМА

„Пикот го очекуваме да заврши до крајот на април и после да се намалува бројот на случаи“, рече д-р Микиќ, а д-р Караџовски продолжи: „Во просек, мора да поминат 6 до 8 недели да стигне пикот. Ние сме во 6,5 недели. Во Кина, сметајќи од 15 декември кога е пријавен првиот случај, поминаа повеќе недели, но ме радува фактот дека до вчера, Кина има увезени случи на КОВИД-19, не се автохтони. Тоа ми дава надеж дека после два месеца, март и април, т. е до крајот на април, ќе се намали бројот на заразени. Ова не е спортска прогноза. Нашите проценки се дека до крајот на април ќе има 1.500 до 2000 заболени“.

Епидемиологот Караџовски кажа дека не поддржува модели како што практикувааат некои земји за создавање на колективен имунитет, како Шведска и Германија. Вели дека сите земји имаат сличен модел на справување, а некои и не копираат, како на пример Косово, кои од петокот се во целосна изолација. Србија пак е неколку недели зад нас, а Шпанија и Италија се две-три недели пред нас. Микиќ додаде дека сè уште успеваме да ги заштитиме возрасните лице, кои се најранлива категорија.

„Во пракса, за населението да стекне колективен имунитет, треба 75 отсто од населението да ја прележи болеста. На земја како Гермнаија со 80 милиони, 75 отсто од населението е 56 милиони. Ниеден систем не може да обезбеди толкав број на тестирања. Ако го пуштевме народот слободно да се движи, сегашната бројка ќе беше помножена со 10. Видовме во Дебар што се случи, 49 лица ставија во карантин 20 илјади“, кажа д-р Караџовски.

Министерот и епидемиолозите се согласни дека најцрното сценарио беше 1.000 кревети и 1.000 пациенти, а тоа, за среќа велат тие, не ни се случи благодарение на навреме донесените мерки и дека има слободни капацитети со тоа што една третина од Инфективната клиника во Скопје е празна, а Градската општа болница „8 Септември“ е празна.

Според Микиќ, вакцина против КОВИД-19 се очекува најбрзо за година до година и пол.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на КОВИД-19, и вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава изнесува 828 лица. Четириесет и еден пациент се излекувани, 34 починаа, а активни случаи се 733.

- Реклами -