11.5 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаНекој си тера мајтап: Црквите за Велигден ќе биле оворени за верниците,...

Некој си тера мајтап: Црквите за Велигден ќе биле оворени за верниците, но од МПЦ велат доколку одите ќе го прекршите полицискиот час. Па еве прашуваме за кои верници се отворени црквите??

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Некој си тера мајтап: Црквите за Велигден ќе биле оворени за верниците, но од МПЦ велат доколку одите ќе го прекршите полицискиот час. Па еве прашуваме за кои верници се отворени??

<

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролорите околу верските храмови за време на големиот христијански празник – Велигден. Празникот се совпаѓа со најдолгиот полициски час во земјата кој ќе трае три дена или вкупно 85 часа. Забраната за движење стапува на сила во петок попладне во 16 часот и ќе важи до вторник, до 5 часот наутро.

Од МПЦ веќе го повикаа свештенството и верниците да ги почитуваат владините мерки против ширење на коронавирусот. Сепак, на интернет е отворена петиција со барање верниците да може да присуствуваат на литургија, но на соодветно растојание, како што е воспоставен ред во банките и маркетите. Владиката Тимотеј за Алсат М објаснува дека црквите се отворени, но верниците би можеле да дојдат само кога нема забрана за движење.

„Црквите секако ќе бидат отворени, но знаеме дека за големиот празник ќе има полициски час. Ова значи дека ако верниците дојдат на литургија ќе го прекршат законот. Што се однесува до останатите денови, во период кога нема полициски час, ние држиме постојано богослужби и храмовите се отворени за лична молитва. Препораката е светите литургии да се одржуваат со најмногу пет верници, но пак ќе кажам тоа е само кога нема полициски час“, вели владиката Тимотеј.

Претходно, во услови кога власта апелираше до граѓаните да не излегуваат од дома за да се спречи ширењето на коронавирусот, цела Повардарска епахија ги осветуваше градови и ги повикуваше верниците да се причестат во црква. Сега и митрополитот на оваа епархија, Агатангел се повлече од идејата, па пред Велигден ги повика верниците сепак да се молат од своите домови, а не во црквите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...