13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСе сеќавате на малечката Бисера?- Таа моментално е згрижена во клиниката Жан...

Се сеќавате на малечката Бисера?- Таа моментално е згрижена во клиниката Жан Митрев и конечно и многу добро напредува

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бисера е доенче старо 6 месеци со повреќекратен престој на Клиниката за Детски
болести, и еден претходен престој во Kлиниката „Жан Митрев“ поради оклузија на
десната брахиална артерија пропратено со некроза надисталните фаланги на вториот и третиот прст десно.
„При овој прием Бисера дојде, хипотрофична, хипотонична, вознемирена, со намеалено поткожно ткиво (тенка кожа) со бројни хематоми од претходни боцкања. Бисера отежнато дишеше и имаше изразен интеркостален тираж, имаше и пареза на левата рака. На приемот кај нас Бисера тежеше 2.920 грама“, вели доктор Ѓорѓи Филев, педијатар во Zan Mitrev Clinic.

<

Оттаму информираат дека по првичните обемни лабораториски, микробиолошки и
имиџинг иследувања почнале Бисера да ја хранат со хиперкалориска и антирефлуксна
формула во почеток со помали дози кои постапно се зголемуваа
„Ја храневме преку назогастрична сонда затоа што Бисера го имаше изгубен рефлексот за цицање. Хроничниот белодробен наод е лекуван со инхалации со бронходилататори, кои Бисера добро ги поднесе и во тек на следните денови постапно со подобрувањето на дишењето се намалуваше кислородната подршка.
По добивањето на позитивните микробиолошки наод од грлото и хемокултурата кај
Бисера е вклуичена и антибиотска тепија надополнета и со пробиотик за да не се наруши природната цревна флора.
Интензивно е спроведувана и физикална терапија за подобрување на моториката и
воопшто на циркулацијата низ целото тело, по што Бисера беше се повесела и се повеќе се гледаше насмевка на нејзиното лице.
После десетина дена ја повикавме и нејзината мајка и сега се тие две заедно грижејќи се за здравјето при тоа следејќи ги препораките на нашите доктори.
Во овој краток период во нашата клиника на наше огромно задоволство можеме да
информираме дека Бисера ја зголеми својата телесна тежина од 2.920 грама на 4.000
грама. Сепак, и покрај позитивниот резултат во психо-моторната и здравствена состојба кај Бисера престои уште терапевски процедури кој треба да се спроведат за да може целосно да се излекува.

e-magazin

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...